Пожар во фабрика во Индија, загинаа шестмина


 

Во пожар во хемиска фабрика во јужна индија загинаа најмалку шест луѓе, а 12 се повредени, јави Ројтерс.

Ова е втора несреќа во хемиска фабрика оваа недела, а можно е да има и повеќе повредени.

Снимките од местото кои ги доставиле владините функционири покажуваат голем пожар, со најмалку две тела како лежат на подот во фабриката, во сојузната држава Андра Прадеш, наведува британската агенција.

„Постои можност бројот на жртвите да порасне. Се работи за постројка на хемиска преработка и таму биле складирани боци со гас“, вели за Ројтерс, Прасна Венкатеш, надлежен од округот Елуру каде се наоѓа фабриката.

Тој наведе и дека точната причина за пожарот не е позната, но дека надлежните истражуваат, но можно е да дошло до експлозија токму на тие боци.

Оваа недела во пожар во хемиска постројка во државата Гурарат, на западот на Индија, загинаа шест лица.