Владата го испраќа Договорот со Грција на ратификација во Собранието


Владата на Република Македонија на денешната 74. седница го разгледа и усвои Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу …

Владата го испраќа Договорот со Грција на ратификација во Собранието Read More »

Западни медиуми: Историски договор со кој се реши еден од најсложените спорови


По речиси три децении, еден од најсложените балкански спорови е завршен на брегот на Преспанското Езеро, со потпишаниот договор меѓу Македонија и Грција, официјално најавувајќи нова ера на мир, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“. Ова е историски ден за регионот кој долго време е потопен во политика на непријателство. Премиерите на двете соседни држави изјавија …

Западни медиуми: Историски договор со кој се реши еден од најсложените спорови Read More »

Коѕијас за протестите: Од милион стигнавме на 4.000 илјади, Грците ги кршат стереотипите


Од еден милион демонстранти, дојдовме на 100 илјади и сега на четири илјади. Ова покажува дека грчкиот народ ги крши стереотипите, рече Никос Коѕијас, коментирајќи ги вчерашните протести во близина на Преспа. Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија, веднаш по потпишувањето на договорот со Македонија, се сретна со префектот …

Коѕијас за протестите: Од милион стигнавме на 4.000 илјади, Грците ги кршат стереотипите Read More »

Пред Собранието утринава е мирно, сообраќајот е нормализиран


Пред Собранието на Македонија изутринава е мирно по синоќешните насилни протести во кои беа повредени седум полицајци и беа приведени 25 демонстранти. Барикадите се остранети, а сообраќајот по улиците околу собраниската зграда се одвива нормално. Забележливо е помало полициско присуство. МВР по синоќешните настани соопшти дека дел од демонстрантите на вчерашниот јавен протест во Скопје, употребија распрскувачки …

Пред Собранието утринава е мирно, сообраќајот е нормализиран Read More »

Почнува спроведувањето на Договорот со Грција


По вчерашното потпишување на Договорот меѓу Македонија и Грција за ставање крај на 27-годишниот спор за името, од денеска почнуваат чекорите за негова импелемнтација. Македонската Влада се очекува денеска на седница да го усвои законот за ратификација на Договорот, по што треба да биде испратен во Собранието, каде треба да биде ратификуван. Откако ќе биде доставен …

Почнува спроведувањето на Договорот со Грција Read More »

Клучни точки од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името


Клучни точки од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска од министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. ИМЕ Официјално име на државата ќе биде Република Северна Македонија или Северна Македонија (скратено име). ЈАЗИК Со Договорот се признава – Македонски јазик, дел од …

Клучни точки од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името Read More »

Ахмети го поздрави потпишувањето на Договорот за решавање на спорот со името


Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети го поздрави денешното потпишување на договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. – Го поздравувам денешното потпишување на долгоочекуваниот договор кој претставува исполнување на нашиот сон за целосно интегрирана Македонија во Европската унија и во НАТО. Работевме напорно и со голема посветеност да …

Ахмети го поздрави потпишувањето на Договорот за решавање на спорот со името Read More »

Сите детали од денешната средба Заев – Ципрас


Денешниот ден е историски бидејќи Македонија и Грција го потпишаа Договорот со кој го решаваат 27-годишниот спор околу името. Со договорот е предвидено ерга омнес име за земјава, Република Северна Македонија. На свечената церемонија, во чие подготвување беа вклучени повеќето жители на ова мало рибарско место од грчката страна на Преспанското Езеро, присуствуваат и високи …

Сите детали од денешната средба Заев – Ципрас Read More »

Заев: Со конечниот договор поместивме планини


Колку убав, величествен и историски ден. Нека ни е со среќа, е поздравот со кој премиерот Зоран Заев се обрати пред потпишувањето на Договорот за името со грчкиот премиер, Алексис Ципрас. Тој парафразира две мисли од славниот грчки филозоф Аристотел, за храброста како најголема доблест и за надежта како сон. -Моето чувство денес е дека …

Заев: Со конечниот договор поместивме планини Read More »

Договорот се потпишува на роденденот на Нимиц


На Метју Нимиц, посредникот во спорот за името, денес му е роденден. Според неговата биографија, Нимиц е роден на 17 јуни 1939 година во Бруклин. Тој денеска полни 79 години. Случајно или не, договорот се потпишува токму на роденденот на дипломатот кој 24 години од својата кариера посвети на изнаоѓање решение на спорот за името …

Договорот се потпишува на роденденот на Нимиц Read More »

Договорот ќе се потпише в недела во Преспа на грчка територија, а потоа ќе следи ручек во Отешево


Договорот меѓу Македонија и Грција за името ќе се потпише в недела во Преспа на грчка територија, а потоа ќе следи ручек на македонска страна, во Отешево дознава „Независен Весник“. Дел од грчките медиуми утрово објавија дека договорот ќе биде потпишан во Преспа во Македонија, друг дел пак тврдеа дека потписите ќе паднат на грчка …

Договорот ќе се потпише в недела во Преспа на грчка територија, а потоа ќе следи ручек во Отешево Read More »

Уште е дилема каде ќе се потпише Договорот – сведоци Столтенберг и Нимиц?


Се уште се противречни информациите за тоа кога и каде ќе се потпише Договорот меѓу Македонија и Грција со кој треба да се стави крај на деценискиот спор за името. Засега, извесно е само дека потпишувањето ќе биде викендов. Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпише во недела во …

Уште е дилема каде ќе се потпише Договорот – сведоци Столтенберг и Нимиц? Read More »

Коѕијас: Договорот е вин-вин за двете страни


Надеж дека граѓаните ќе гласаат позитивно на референдумот изрази шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за рускиот весник „Известија“, бидејќи смета дека договорот е добар, вин-вин и урамнотежен. – Мислам дека референдумот е еден дел од ратификацијата на договорот согласно со одлуките на раководството на Северна Македонија. Треба да се добие референдумот за да …

Коѕијас: Договорот е вин-вин за двете страни Read More »

Драма во грчкиот парламент: Златна зора повика на воен пуч


Да интервенира војската за да се спречи ова предавство и да ги уапси премиерот, министерот за одбрана и претседателот, повика пратеник од Златна зора Константинос Барбарусис за време на денешната расправа во грчкиот парламент, додека по барање на претседателот на парламентот и со согласност од останатите партии, Златна зора нема да учествува во останатиот дел …

Драма во грчкиот парламент: Златна зора повика на воен пуч Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Со договорот се погазени државните и националните интереси


  Зоран Заев недостоинствено ги погази државните и национални интереси на Македонија. Зоран Заев одлучи да прифати промена на уставното име, да ја проблематизира националноста и да се откаже од историјата, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, Заев планира со просто мнозинство да изгласа во Собранието штетен договор кој подразбира менување на Уставот за што е …

ВМРО-ДПМНЕ: Со договорот се погазени државните и националните интереси Read More »

Протести во Атина и во Преспа за договорот со Македонија


Од петок во 10 часот ја започнуваме нашата битка за Македонија, велат организаторите на протестите во Атина и Преспа, преку социјалните мрежи и ги повикуваат граѓаните на централен собир пред грчкиот Парламент вечерва во 20 часот. „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ под слоганот „Македонија значи Грција“ организира протести во следните три дена …

Протести во Атина и во Преспа за договорот со Македонија Read More »

СДСМ: Граѓаните последниот збор ќе го имаат на референдум!


Конечниот Договор за решавање на македонско-грчкиот спор, што од денеска е на увид и пред сите наши граѓани, ги штити врвните национални и државни интереси. Нема дилеми, договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет, сметаат во СДСМ. „Никој повеќе да не оспорува или негира македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка. Тие се обезбедени еднаш засекогаш. Договорот …

СДСМ: Граѓаните последниот збор ќе го имаат на референдум! Read More »

Грчкиот парламент расправаше до два часот по полноќ за договорот со Македонија


Пред два часот по полноќ заврши првиот дел од расправата во грчкиот Парламент по доставениот предлог од Нова демократија за гласање недоверба на Владата. Пратеници од сите партии вчера го изразија нивниот став околу договорот постигнат меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев. Расправата се движеше во очекуваните рамки, од опозицијата ја обвинија Владата дека …

Грчкиот парламент расправаше до два часот по полноќ за договорот со Македонија Read More »

ВМРО-ДПМНЕ в недела во Битола ќе организира протестен марш за името


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и партијата нема да поддржи уставни измени за промена на уставното име, а в недела ќе организира протестен марш, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по вечерашната седница на Извршниот комитет. Како што рече Мицкоски ИК едногласно заклучил дека станува збор за решение кое е комплетно спротивно на државните и националните интереси …

ВМРО-ДПМНЕ в недела во Битола ќе организира протестен марш за името Read More »

Франција го поздрави договорот за името


Франција го поздравува постигнатиот договор за прашањето за името, објавен од страна на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, се наведува во соопштението на француското Министерство за надворешни работи. Според Министерството за надворешни работи на Франција, ова е голем развој, од чиј исход корист ќе имаат и двете земји, овозможувајќи развој на нивните односи во …

Франција го поздрави договорот за името Read More »