ВМРО-ДПМНЕ: Со договорот се погазени државните и националните интереси


 

Зоран Заев недостоинствено ги погази државните и национални интереси на Македонија. Зоран Заев одлучи да прифати промена на уставното име, да ја проблематизира националноста и да се откаже од историјата, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Заев планира со просто мнозинство да изгласа во Собранието штетен договор кој подразбира менување на Уставот за што е потребно двотретинско мнозинство.

„Пред само еден месец, Заев тврдеше дека барањата на Грција за промена на Уставот и називите на институциите се “обесчестување”. Сега без срам, од владината говорница најави дека на влезот ќе го сменел написот и ќе ја преименувал во влада на Северна Македонија. Со овој договор Зоран Заев ги урниса темелите на државноста на Република Македонија и го загрозува долгоодишното право на самоопределување кое македонскиот народ го има стекнато“, се вели во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.