Ахмети го поздрави потпишувањето на Договорот за решавање на спорот со името


Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети го поздрави денешното потпишување на договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

– Го поздравувам денешното потпишување на долгоочекуваниот договор кој претставува исполнување на нашиот сон за целосно интегрирана Македонија во Европската унија и во НАТО. Работевме напорно и со голема посветеност да дојдеме до овој ден кога ќе се построиме на правилната страна на историјата, се вели во соопштението од ДУИ.
Според Ахмети, ова е вистинската одлука за заедничката иднина и за доброто на сите наши граѓани.