Сите детали од денешната средба Заев – Ципрас


Денешниот ден е историски бидејќи Македонија и Грција го потпишаа Договорот со кој го решаваат 27-годишниот спор околу името.

Со договорот е предвидено ерга омнес име за земјава, Република Северна Македонија.

На свечената церемонија, во чие подготвување беа вклучени повеќето жители на ова мало рибарско место од грчката страна на Преспанското Езеро, присуствуваат и високи претставници на меѓународната заедница, медијаторот на Обединетите нации во решавање на спорот, Метју Нимиц, чија кариера меѓу другото ја одбележа посредувањето меѓу Македонија и Грција во обидите да се изнајде решение.

Тука се и потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и заменик-претседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, како и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.

Се што се случуваше денеска може да прочитате на следниве линкови: