Договорот ќе се потпише в недела во Преспа на грчка територија, а потоа ќе следи ручек во Отешево


Договорот меѓу Македонија и Грција за името ќе се потпише в недела во Преспа на грчка територија, а потоа ќе следи ручек на македонска страна, во Отешево дознава „Независен Весник“.

Дел од грчките медиуми утрово објавија дека договорот ќе биде потпишан во Преспа во Македонија, друг дел пак тврдеа дека потписите ќе паднат на грчка страна.

Договорот ќе го потпишат министрите за надворешни работи на Македонија  Никола Димитров и на Грчија Никос Коѕијас, во присуство на премиерите на двете земји ќе го потпишат во Грција, по што заедно со гостите ќе преминат на македонска територија и ќе следи заеднички ручек.