Вучиќ повторно предлага воведување смртна казна, по трагедијата со Данка


По трагедијата со смртта на Данка (2) српскиот претседател Александар Вучиќ повторно предлага да се смени Кривичниот законик и за вакви тешки злосторства да се воведе смртна казна. Ваков предлог Вучиќ даде и по масакротв во училиштето „Рибникар“, каде малолетник, ученик во истото училиште уби десет соученици и еден член на обезбедувањето. Ќе предложам промена …

Вучиќ повторно предлага воведување смртна казна, по трагедијата со Данка Read More »

Вучиќ објави: Данка е убиена – уапсени две лица кои признале


  Полицијата уапсила две лица кои го извршиле убиството на малата Данка Илиќ, кои го признала делото, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. „Имаме лоши вести за Данка… Полицијата уапси две лица кои ако добро разбирам ја убиле малата Данка. Како што разбрав, тие го признаа делото“, рече Вучиќ и додаде дека ја водат полицијата до …

Вучиќ објави: Данка е убиена – уапсени две лица кои признале Read More »

Вучиќ: Без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, во пресрет на Меѓународниот самит за нуклеарна енергија, изјави дека без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане и дека важноста што му се придава на овој самит покажува дека струјата ќе биде сè повеќе потребна. Овој самит и важноста што му се придава покажува какви погрешни одлуки …

Вучиќ: Без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане Read More »

Вучиќ: Изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај, кога е Велигден, јави дописникот на МИА од Белград. – Ако претседателот на српскиот Парламент се избере на 11, 12 или 13 март, не е важно, изборите мора да се одржат до 11 …

Вучиќ: Изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај Read More »

Српска опозиција: По 10 години СНС и Вучиќ не може да формираат власт во Белград


По неуспехот на конституирањето на Собранието на град Белград со што се создадоа услови за распишување распишат нови избори, српската опозициска коалиција Србија против насилството (СПН) порачаа дека по 10 години Српската напредна странка (СНС) и Александар Вучиќ не се во можност да формираат власт во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. -Изборите ќе …

Српска опозиција: По 10 години СНС и Вучиќ не може да формираат власт во Белград Read More »

Вучиќ: „Кога на Србија ѝ беше најтешко, Кина најмногу ни помогна“


„Кина е вистински пријател на Србија, а народите на двете земји секогаш одржувале добри односи“, изјави Александар Вучиќ во интервју за „China Media Group“. „Кога Србија беше во тешкотии, Кина ни помогна најмногу, како што велат, пријателите се познаваат во неволја“, рече Вучиќ. Вучиќ ја негираше таканаречената „теорија на кинеската должничка стапица“ и се заблагодари …

Вучиќ: „Кога на Србија ѝ беше најтешко, Кина најмногу ни помогна“ Read More »

Вучиќ смета дека ЕУ и прогледува низ прсти на Приштина за укинувањето на динарот


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Минхен изјави дека од денешните разговори со претставникот на ЕУ, Жозеп Борел и претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, добил впечаток дека ЕУ „или нема или не сака применуваат механизми кон Приштина“ и дека се подготвени да прифатат дека е преоден период на укинување …

Вучиќ смета дека ЕУ и прогледува низ прсти на Приштина за укинувањето на динарот Read More »

Вучиќ ги одликува Силјан Мицевски-постхумно, Влада Урошевиќ и Никола Китановски по повод Денот на државноста на Србија


 Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод националниот празник Ден на државноста одликува повеќе заслужни поединци и институции, а меѓу Македонците кои добија ордени се и почеснот конзул на Србија во Република Северна Македонија-Силјан Мицевски-постхумно, академик Влада Урошевиќ и оперскиот пејач Никола Китановски, јави дописникот на МИА од Белград. Силјан Мицевски кој беше почесен конзул на …

Вучиќ ги одликува Силјан Мицевски-постхумно, Влада Урошевиќ и Никола Китановски по повод Денот на државноста на Србија Read More »

Вучиќ: По 1 мај, конечна одлука за евентуално враќање на обврската за отслужување војска


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска претставниците на Генералштабот на војската на Србија и на Министерството за одбрана му презентирале „убедлив аргумент“ дека е неопходно да се врати обврската за служење војска и дека им наредил до 1 мај да му ги достават сите предлози на таа тема. „Ќе видиме дали таа (воената …

Вучиќ: По 1 мај, конечна одлука за евентуално враќање на обврската за отслужување војска Read More »

„Зидојче цајтунг“:Владата на Александар Вучиќ со помош на ЕУ ќе опстои уште долго, граѓаните залудно протестираат


Александар Вучиќ е силен човек кој треба да го спречи геополитичкиот хаос на Балканот и да обезбеди пријатна инвестициска клима. За возврат, мора да ја уништи демократијата за да остане само фасада, оценува угледниот германски „Зидојче цајтунг“. „Според она што владетелите на Србија го зборуваат во последно време, може да се добие впечаток дека земјата …

„Зидојче цајтунг“:Владата на Александар Вучиќ со помош на ЕУ ќе опстои уште долго, граѓаните залудно протестираат Read More »

Вучиќ и Курти во понеделник во Скопје на состанок на регионалните лидери за планот за раст за Западен Балкан


Лидерите на Западен Балкан ќе се соберат на почетокот на следната недела во Скопје. Тие треба да разговараат за планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската комисија со претставници на ЕУ и регионални организации. Домаќин на средбата во понеделник на 22 јануари ќе биде премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, а учество најавија …

Вучиќ и Курти во понеделник во Скопје на состанок на регионалните лидери за планот за раст за Западен Балкан Read More »

Вучиќ: Нема да дозволам да ја украдат волјата на народот


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека не се плаши од заканите што му ги упатуваат претставниците на опозицијата и дека никогаш нема да се сокрие бидејќи, како што рече, е избран од народот. Вучиќ ова го кажа коментирајќи ја изјавата на Здравко Понош, кандидат од листата „Србија против насилството“ дека на „Вучиќ не …

Вучиќ: Нема да дозволам да ја украдат волјата на народот Read More »

Стејт департмент: Ја цениме можноста да се продолжи со работа со идната влада на Србија


Стејт департментот ги коментираше предвремените избори во Србија на кои според прелиминарните резултати убедлива победа извојува Српската народна пртија на претседателот Александар Вучиќ.  -САД ја ценат можноста да продолжат да работат со идната влада на Србија да се засили демократското владеење и владеењето на правото, да се изврши напредок во регионалната стабилност и да се …

Стејт департмент: Ја цениме можноста да се продолжи со работа со идната влада на Србија Read More »

Во Србија ништо ново: Продолжува неконтролираната моќ на СНС


Изборите се и не се завршени. Тие се затоа што гласањето заврши, гласовите главно се преброени, а резултатот – освен во Белград – е сосема јасен. Но, не се, бидејќи најголемата опозициска сила „Србија против насилство“ ги нарекува изборите недемократски и најавува борба за нивно оспорување со сите легитимни средства. Извори на Дојче Веле и …

Во Србија ништо ново: Продолжува неконтролираната моќ на СНС Read More »

Вучиќ: Ако на изборите победи опозицијата, ќе распишам претседателски избори


Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека бил сериозен кога изјави дека е бесмислено тој да биде претседател на Србија, а владата да ја сочинуваат луѓе од опозицијата и најави дека доколку победи опозицијата на изборите ќе го признае резултатот и ќе распише претседателски избори, јави дописникот на МИА од Белград. -Доколку опозицијата победи на …

Вучиќ: Ако на изборите победи опозицијата, ќе распишам претседателски избори Read More »

Вучиќ: Следат тешки недели и месеци за Србија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека на Србија и претстојат тешки недели и месеци, бидејќи целта на меѓународната заедница е да ја принуди Србија, на овој или оној начин, ставајќи ја во одредена правна рамка, да ја признае независност на Косово, што, како што рече, нема да го направи, јави дописникот на МИА …

Вучиќ: Следат тешки недели и месеци за Србија Read More »

Вучиќ распиша парламентарни избори


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, распиша вонредни парламентарни избори за недела, 17 декември. Според законот, сите рокови за избори почнуваат од моментот на објавување. Кампањата ќе трае до 14 декември на полноќ, кога ќе започне изборниот молк. Сите гласачи, државјани на Република Србија полнолетни, ќе можат да гласаат на своите избирачки места во недела на …

Вучиќ распиша парламентарни избори Read More »

Вучиќ: Србија ги знае своите обврски – Фон дер Лајен: Проширувањето е на врвот на агендата на ЕУ


 Економијата и политиката во фокусот на средбата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен со претседателот Александар Вучиќ во Белград. Шефицата на ЕК изјави дека проширувањето е на врвот на агендатат на ЕУ и сака Србија да се приклучи, додека Вучиќ изјави дека одговорно ќе се посвети на исполнување на обврските, јави дописникот на …

Вучиќ: Србија ги знае своите обврски – Фон дер Лајен: Проширувањето е на врвот на агендата на ЕУ Read More »

РСЕ: Вучиќ и Курти неделава ќе се изјаснат за барањата на голема петорка, можна средба во Брисел


Лидерите на Србија и на Косово неделава треба да се изјаснат за барањата што им ги презентираа членовите на „големата петорка“, пишува денеска Радио Слободна Европа (РСЕ), повикувајќи се на дипломатски извори и додава дека е можна средба меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел пред самитот на ЕУ на …

РСЕ: Вучиќ и Курти неделава ќе се изјаснат за барањата на голема петорка, можна средба во Брисел Read More »

Хелсиншки Србија: Вучиќ од порано го најави нападот во Бањска, целта му беше поделба на Косово


Претседателката на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Србија, Соња Бисерко вели дека целта на нападот од страна на српска вооружена група врз косовската полиција во Бањска, кај Звечане, во северно Косово, во неделата, на 24 септември, била поделба на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за црногорскиот медиум „ЦдМ“ (Cafe del …

Хелсиншки Србија: Вучиќ од порано го најави нападот во Бањска, целта му беше поделба на Косово Read More »