Ни еден туроператор не побарал откажување на програмата за 2023 година поради лажните дојави за бомби


Нашата земја и покрај лажните дојави за бомби е безбедна дестинација и сите институции прават се за тоа да биде така. Нашите конзуларни претставништва насекаде низ светот треба да информираат дека сме сигурна дестинација не само за новогодишните празници, туку и за целата 2023 година, истакна денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на …

Ни еден туроператор не побарал откажување на програмата за 2023 година поради лажните дојави за бомби Read More »

Шпанец во Охрид фалсификувал деловни книги и си пишал плата од 800.000 денари


СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Г.Р.(43) од Шпанија, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“. Тој, од еден правен субјект во Охрид одзел деловна книга за евиденција, ја пополнил со лажни податоци како да бил вработен во друг правен субјект во периодот …

Шпанец во Охрид фалсификувал деловни книги и си пишал плата од 800.000 денари Read More »

Попис 2021: Аеродром со најмногу жители и најмладо население, 205 села се празни


  Во периодот на спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година, во земјава има вкупно 1.781 населени места, а 205 се празни села, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Во главниот град Скопје живеат 526.502 жители, има 171.171 домаќинство и 213.850 станови. „Населено место со најголем број на жители е скопски Аеродром …

Попис 2021: Аеродром со најмногу жители и најмладо население, 205 села се празни Read More »

Починато лице најдено во каналот „Студенчишта“ во Охрид


  Во водите на каналот „Студенчишта“ во Охрид, утрово, било пројандено починато лице. СВР Охрид денеска соопшти дека станува збор за Д.Р. (76) од Охрид, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги. – Денеска во 7 часот и 38 минути во СВР Охрид, пријавено е дека во водите на канал „Студенчишта“ …

Починато лице најдено во каналот „Студенчишта“ во Охрид Read More »

„Ер Србија“ од 5 јуни ќе лета за Охрид


 Во текот на летната сезона во 2023 година, „Ер Србија“ ќе лета до Охрид и 22 нови дестинации до кои не леташе во летната сезона годинава, јави дописникот на МИА од Белград. -Од 4 јуни следната година националната авиокомпанија ќе почне да лета за Краков, а само еден ден подоцна, на 5 јуни 2023 година, …

„Ер Србија“ од 5 јуни ќе лета за Охрид Read More »

Не смее Охрид да биде синоним за скапо сместување, студени соби и бајат појадок


  Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски очекува 2022 година да ја заокружиме со околу 2,8 милиони ноќевања и над 400 милиони долари промет од туризмот. Како што вели за МИА, годинава имавме одличен старт и добра средина на „трката“, но туризмот не е спринт на 100 метри, туку …

Не смее Охрид да биде синоним за скапо сместување, студени соби и бајат појадок Read More »

Животот и делото на Ченто преку фотографии претставени во Охрид


Животот и делото на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто прикажан низ 250 фотографии со кратки информации за 150 настани беше изложен денеска во Спомен-куќата на Христо Узунов во Охрид. Изложбата насловена „Ченто – биографија низ фотографија“ на Рубинчо Белчески ја отворија директорите на Охридскиот и Прилепскиот музеј, Катерина Велкоска и …

Животот и делото на Ченто преку фотографии претставени во Охрид Read More »

Итни законски измени за надминување на проблемот со педијатри во Охридската болница


Детското одделение во охридската Општа болница една година не хоспитализира пациенти, ниту има 24 часовни дежурства. Причина за тоа е немањето доволно педијатри. Двајца доктори вршат само амбулантски прегледи од 8 до 20 часот, во работни денови. Во доцните ноќни часови, викендите и празниците, болните деца се носат во Струшката болница. Таму, пак, сликата е …

Итни законски измени за надминување на проблемот со педијатри во Охридската болница Read More »

Годишна средба на граѓанските организации од областа животна средина и одржлив развој во Охрид


Во Охрид денеска започна 17- та годишна средба на граѓанските организации кои работат на полето на животната средина и одржливиот развој и Коалицијата за клима, која има за цел да помогне во  подобрување на комуникацијата и зајакнување на нивната соработка, како и градењето на одржливи партнерства со сите релевантни чинители.  Државниот секретар во Министерството за животна средина …

Годишна средба на граѓанските организации од областа животна средина и одржлив развој во Охрид Read More »

Едно лице загина, а пет се повредени во сообраќајка кај Св. Ерaзмо


Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 17 часот на патниот правец Охрид – Струга, кај Св. Ерзамо. Во несреќата како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, учествувале три возила, пренесе Охридњус. Дознаваат дека во незгодата животот го загубило едно лице, а четири се здобиле со повреди. На местото на настанот во тек …

Едно лице загина, а пет се повредени во сообраќајка кај Св. Ерaзмо Read More »

Државата има идеи за развој на сината економија, потребна е поддршка


Република Северна Македонија, но и регионот имаат добри идеи за развој на сината економија, но недостасуваат поддршка и знаење, сметаат дел од учесниците на „Blue Economy summit“, што се одржува во Охрид во организација на „Prime Blue Institute“. Сината економија, како што појасни Зоран Мариновски претседател на „Prime Blue Institute“, подразбира се што е поврзано …

Државата има идеи за развој на сината економија, потребна е поддршка Read More »

Бесплатен влез во музеите во Охрид секој први во месецот


Влезот во музеите и галериите во Охрид ќе биде бесплатен секој први во месецот, почнувајќи од утре, 1 ноември, соопшти денеска охридскиот Завод и Музеј. Граѓаните ќе можат бесплатно да ги посетат Куќата на Робевци, Самуиловата тврдина, Музејот на вода во Градиште и Галеријата на икони. – Во интерес на домашната публика и желбата за …

Бесплатен влез во музеите во Охрид секој први во месецот Read More »

Британка со привремен престој во Охрид ограбувана од лицето кое се грижело за неа


 Британска државјанка, која била со привремен престој во Охрид, е ограбувана од лице кое се грижело за неа. Тој неовластено ја користел нејзината банкарската картичка, со којашто извршил повеќе трансакции во вредност од 1.700.000 денари. – Тој, на 21.09.2022 неовластено ја употребил банкарската картичка сопственост на 86 – годишна жителка на Англија, со привремен престој …

Британка со привремен престој во Охрид ограбувана од лицето кое се грижело за неа Read More »

Годишен собир на „Википедијанци“ од Централна и Источна Европа во Охрид


Во Охрид од денеска до недела ќе се одржи 11. годишен собир на „Википедијанци“ од Централна и Источна Европа – Wikimedia CEE Meeting 2022. Главен фокус на конференцијата се проектите на Викимедија (Википедија и слични проекти) во земјите и заедниците од Централна и Источна Европа, а ќе учествуваат над 120 „Википедијанци“ од повеќе држави. Собирот …

Годишен собир на „Википедијанци“ од Централна и Источна Европа во Охрид Read More »

Охриѓанец се обидел да проголта дрога кога го уапсиле


Уапсен охриѓанец кој при полициска контрола се обидел да проголта дрога.  На 22.09.2022 во 17.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија со дрога при МВР го лишиле од слобода В.Ш.(30) од Охрид. Претходно, тој бил забележан во патничко возило „алфа ромео“ со охридски …

Охриѓанец се обидел да проголта дрога кога го уапсиле Read More »

Во Охрид утре почнува 21. Годишна берзанска конференција


  Во Охрид утре ќе се одржи 21. Годишна берзанска конференција на која се очекува да присуствуваат домашни и меѓународни експерти, претставници од бизнис секторот, банки, брокерски куќи и акционерски друштва. Македонска берза веќе две децении години организира годишни конференции коишто претставуваат настан со препознатлив имиџ, како во однос на актуелноста на темите кои се …

Во Охрид утре почнува 21. Годишна берзанска конференција Read More »

Проект за управување со ризик од неавтохтони водни видови во Западен Балкан


Здружението за екологија „Екоменлог Охрид“ во соработка со Хидробиолошкиот завод од Охрид и останатите партнери спроведува проект „Зајакнување на образовните капацитети за управување со ризик од неавтохтони водни видови во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) – Рискмен”, во рамките на европската образовна програма Еразмус+ CBHE 2020. Конзорциумот на проектот RiskMan се …

Проект за управување со ризик од неавтохтони водни видови во Западен Балкан Read More »

Општина Охрид ќе продолжи со поддршка за подвизите на Марко Пејчиновси


Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска го прими младиот пливачки херој Марко Пејчиновски, кој викендов исплива 64 километри во водите на Охридското Езеро, на релација Охрид – Струга – Свети Наум – Охрид. Тој најави дека Општината ќе даде поддршка за Марко, со надеж дека и во иднина ќе продолжи да биде спортски пример …

Општина Охрид ќе продолжи со поддршка за подвизите на Марко Пејчиновси Read More »

Најмногу дожд во Охрид 40 литри на квадрат


  Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Охрид 40 литри на метар квадратен, во Маврово 17, на Попова Шапка 16, Крива Палнка 14, во Гевгелија 10, а осум во Дојран. Според прогнозата на УХМР, времето и денеска ќе биде променливо облачно, на места со слаба нестабилност проследена со врнежи од дожд. Рано утрово …

Најмногу дожд во Охрид 40 литри на квадрат Read More »

Охрид го „воскресна“ Григор Прличев – дигиталниот споменик ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност


Синоќа Општина Охрид и Кирил Пецаков го промовираа дигиталниот паметен споменик кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите на Охрид. „Воскреснувањето на Григор Прличев преку користење на најновите технологии овозможува да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на …

Охрид го „воскресна“ Григор Прличев – дигиталниот споменик ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност Read More »