Охриѓанец осомничен за присвојување 1,1 милион денари црковни пари


СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.П.(66) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”. Според полицијата, Г.П., го сторил делото во периодот од мај 2015 година до јуни минатата година, во својство на потпретседател на црковен одбор на црквата „Свети Ѓорѓија“ од селото Врбјани. Парите кои му биле доверени од …

Охриѓанец осомничен за присвојување 1,1 милион денари црковни пари Read More »

Охрид останува под заштита на УНЕСКО


Опасноста Охридскиот регион да го загуби статусот на светско наследство на УНЕСКО е отстранета по преземените мерки и активности кои се наведени во Извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките од Комитетот за светско наследство. Извештајот, како што соопшти владината прес-служба, е усвеон на денешната седница. Министерството за култура, преку Национална комисија за УНЕСКО, е задолжено …

Охрид останува под заштита на УНЕСКО Read More »

Жена настрада во пожар во Охрид


Повозрасна жена настрада во пожар што утрово избувна во стан во зграда на улицата „Туристичка“ во Охрид. Пожарот бил пријавен од соседите во 7,05 часот во Територијалната противпожарна единица, која веднаш интервенирала локализираќи го пожарот и спречувајќи негово ширење кон другите станови во зградата. Жената веднаш била префрлена во Oхридската болница каде била констатирана смрт. …

Жена настрада во пожар во Охрид Read More »

Денес истекува рокот за спас на Охрид како наследство на УНЕСКО


Денес истекува рокот кој Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ѝ го зададе на Република Македонија во Одлуките 41 COM 7Б.34 усвоени на 41-та сесија на Комитетот за светско наследство одржана во Краков, Полска во јуни 2017, потсетуваат од Граѓанската иницијатива Охрид СОС. До денес Република Македонија треба да поднесе Извештај за напредок во имплементацијата …

Денес истекува рокот за спас на Охрид како наследство на УНЕСКО Read More »

Елаборат за куќа го доведе Бакрачески до тепачка


Поранешниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, бил инволвиран во тепачка во Охрид поради што бил повикан на разговор во полицијата, дознава „Независен весник“. Инцидентот се случил во понеделникот вечерта кога негови пријатели нападнале 38-годишен охриѓанец, нанесувајќи му повреди во главата. Причина, наводно, биле нерасчистени финансиски сметки. Настанот го потврдуваат од Министерството за внатрешни работи, од …

Елаборат за куќа го доведе Бакрачески до тепачка Read More »

Охрид прогласен за претстoлнина на светскиот хуманизам


Светската организација за социјална интеграција на своето ревијално интернет издание објави ексклузивна презентација на Охрид и Македонија како светска престолнина на хуманизмот, во чест на Св. Климент Охридски кој како ученик на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, заштитници на Европа, ја формирал првата средновековна европска школа на хуманизмот. Претседателот на Светската организација за социјална …

Охрид прогласен за претстoлнина на светскиот хуманизам Read More »

„Виз ер“ отвара нова авионска линија од Охрид за Виена


Ниско-буџетната авиокомпанија „Виз ер“ од ноември ќе воспостави директна авионска линија од Охрид до Виена. Од компанијата „ТАВ Македонија“ што управува со аеродромите во Скопје и во Охрид, појаснија дека „Виз ер“ на дестинација Охрид – Виена ќе оперира три пати седмично односно секој вторник, четврток и недела, по стартна цена на авио-билетите од 19,99 …

„Виз ер“ отвара нова авионска линија од Охрид за Виена Read More »

Земјотрес почувствуван во Охрид


Земјотрес со магнитуда од 2,3 степени по Рихтер, денеска во 12 часот и 40 минути во охридското епицентрално подрачје регистрирала телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот е на неколку километри од Охрид во околината на селото Лескоец, а почувствуван е од населението во Охрид и неговата непосредна околина …

Земјотрес почувствуван во Охрид Read More »

Новогодишна трка: Христијан Јованоски најбрз Дедо Мраз во Охрид


Христијан, Дејан и Јован се најбрзите дедомразовци оваа година во рамки на првата ваква трка, која се одржа денеска во Охрид во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“. „Сакам да го поздравам овој навистина убав настан што се одржува во нашиот град. Имам 18 години и на трката ме пријави мојата …

Новогодишна трка: Христијан Јованоски најбрз Дедо Мраз во Охрид Read More »

Трка на Дедомразовци во Охрид


Во Охрид денеска првпат ќе се одржи трка со Дедомразовци, во рамки на проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“. Стартот е закажан за 13:00 часот на кејот пред хотелот Сити палас, а целта на градскиот плоштад, каде во посебно уредена куќичка ќе се доделат наградите, соопшти Општина Охрид.

Стратегија и менаџирање со ресурсите за подобар туризам


Стратегија, менаџмент со ресурси и инфраструктура се неопходни за развој на македонскиот туризам, порачаа денеска Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) и Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) по потпишувањето на Меморандумот за соработка. Стопанствениците се согласни дека фокус треба да се стави на планинскиот, конференцискиот и бањскиот туризам кои, како што рекоа, стануваат …

Стратегија и менаџирање со ресурсите за подобар туризам Read More »

ТАВ: ТУИ ќе почне со летови Ајндховен-Охрид во 2018 година


Холандскиот тур-оператор ТУИ Холандија ќе воведе нови сезонски летови од Ајндховен до Охрид во летната сезона во 2018 гoдина,  информира денеска концесионерот на македонските аеродроми, ТАВ Македонија. ТУИ ќе ги реализира летовите со нивната авиокомпанија – ТУИ флај. ТУИ веќе лета на линијата Амстердам-Охрид-Амстердам, носејќи холандски туристи на Охридското Езеро секоја година, а сега ќе …

ТАВ: ТУИ ќе почне со летови Ајндховен-Охрид во 2018 година Read More »

Традицијата продолжува: И годинава накитена подводната елка во Охрид


И годинава нуркачкиот центар „Амфора“, традиционално, 16. година по ред, ја накити новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид. Во китењето на подводната елка учествуваа 10 нуркачи. На најмладите што присуствуваа на настанот им беа поделени новогодишни пакетчиња.

Жена касната од куче и два случаи пријавени за труење на кучиња


Д.А. (25) од с. Косел, охридско, вчера во СВР Охрид пријавила дека била касната од куче. Инцидентот се случил вчера изутрина, околу 06.45 часот, додека се движела по улицата „Димитар Влахов“ во Охрид и се доближило црно куче и ја каснало во задниот дел од десната нога. Д.А. успеала да избега и веднаш побарала медицинска …

Жена касната од куче и два случаи пријавени за труење на кучиња Read More »

Скоро се е резервирано: За новогодишната ноќ во Охрид од 50 до 150 евра


Охридските туристички работници ги привршуваат подготовките за престојните божикни и новогодишни празници, со реални очекувања за подобри остварувања од минатата година. Тоа се должи на зголемениот интерес на туристите од регионот токму на охридско-струшката ривиера да ги минат празниците. Хотелиерите и угостителите веќе ги имаат формирано своите понуди и цени, кои во голема мера не …

Скоро се е резервирано: За новогодишната ноќ во Охрид од 50 до 150 евра Read More »

Кривична пријава против Паскали – Бунташеска


Охридскиот Завод и Музеј поднесе кривична пријава против поранешната директорка Тања Паскали – Бунташеска поради неспроведување судска одлука, со што нанела финансиска штета од околу 120 илјади евра и на тој начин довела до блокирање на сметката на Установата. Министерот за култура Роберт Алаѓозовски на денешната прес-конференција во Охрид појасни дека се работи за несовесно …

Кривична пријава против Паскали – Бунташеска Read More »

 Кајче-возачи и таксисти работат како туристички водичи


Македонија нема ниту еден лиценциран туристички водич. Сите, засега 804 туристички водичи во земјава, работат со легитимација, а не со лиценца. И додека поседувањето лиценца се уште не е обврзно со закон, критериумите за добивање легитимација се прилично едноставни: поседување уверение за положени испити за труситички водич на еден од факултетите за туризам (во Скопје, …

 Кајче-возачи и таксисти работат како туристички водичи Read More »

Министерство за здравство: Бакрачески не е деградиран, за Доневски ќе каже ДКСК


Министерството за здравство вечерва ги објави заклучоците од вонредниот инспекциски надзор во охридскиот Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања. Во оваа институција на работа се врати д-р Никола Бакрачески, доскорешен градоначалник на Охрид, при што излегоа информации дека е деградиран поради политички реваншизам. „Д-р Никола Бакрачески, специјалист интернист со супспецијализација-кардиологија, во 2013 …

Министерство за здравство: Бакрачески не е деградиран, за Доневски ќе каже ДКСК Read More »