Традицијата продолжува: И годинава накитена подводната елка во Охрид


И годинава нуркачкиот центар „Амфора“, традиционално, 16. година по ред, ја накити новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид. Во китењето на подводната елка учествуваа 10 нуркачи. На најмладите што присуствуваа на настанот им беа поделени новогодишни пакетчиња.