Обвинителство: Возачот што усмрти полицаец бил пијан


Кумановецот што вчераутро усмрти полицаец на службена должност и повреди неколку лица, бил под видно дејство на алкохол, соопшти Основно јавно обвинителство. „Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово, кој бил видно под дејство на алкохол, удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите, на самото место починал еден од полициските службеници. …

Обвинителство: Возачот што усмрти полицаец бил пијан Read More »

Заев во Куманово: Да не се плашите дека децата ќе ви одат во војна!


Премиерот на Македонија, Зоран Заев, на денешната трибина од Куманово порача кон граѓаните да бидат спокојни, затоа што членство во НАТО и ЕУ, безбедноста ќе биде на високо ниво. „Да не се плашите дека децата ќе ви одат во војна. Куманово ни е востаните. Куманово ни е пркосот, Куманово е паталец низ минатото наше. Куманово …

Заев во Куманово: Да не се плашите дека децата ќе ви одат во војна! Read More »

Куманово прогласи епидемија на морбили


Центарот за јавно здравје Куманово, денеска прогласи епидемија на морбили. Бројот на заболени од мали сипаници вкупно од почетокот на годинава, изнесува петнаесет, а последнава недела заболени се три лица. Новозаболено е првоодделенче и двајца здравствени работници од детското одделение од кумановската болница. Детето престојувало во целодневен престој во кумановска градинка. – Извршен е увид …

Куманово прогласи епидемија на морбили Read More »

Земал пари од лихвари, му „исцицале“ повеќе од 16.000 евра


СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Д.А.(42), А.М.(36) и А.Л.(62), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“, казниво по член 260 став 1 и став 2 од Кривичниот законик. Во ноември 2014 година М.А. од А.М. побарал на заем 1.500 евра, но А.М. го …

Земал пари од лихвари, му „исцицале“ повеќе од 16.000 евра Read More »

Владата одвои 20 милиони денари за индустриска зона во Куманово


Владата одвои 20 милиони денари за индустриската зона во Куманово, кај Речица и Новине. Средствата ќе се искористат за уредување на земјиштето кое потоа ќе се нуди на потенцијални инвеститори. Одлуката на Владата денеска ја поздрави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, кој се заблагодари на премиерот и останатите членови на Владата за одобрувањето на …

Владата одвои 20 милиони денари за индустриска зона во Куманово Read More »

Ќе се реконструира кумановскиот театар


Кумановскиот театар идната година ќе се реновира, соопшти денеска директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски. Министерството за култура одлучило во буџетот за 2019-та година да одвои средства за реконструкција на театар Куманово. – Во тек е подготовка на проектна документација која би требало да се заврши во првиот квартал од годината. Реконструкацијата на објектот …

Ќе се реконструира кумановскиот театар Read More »

Загина пешак во Куманово, откако во него удрил автомобил


Пешак во Куманово, загина откако во него удрил автомобил „тојота јарис“ со скопски регистарски таблички, соопшти  МВР. Сообраќајната несреќа се случила попладнево на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка на излез од Куманово. Полицијата врши увид, а од 17 часот овој патен правец е затворен за сообраќај.

МЗТ Скопје Аеродром го победи Куманово со 76:70


Во последниот натпревар од 8.коло во македонскиот кошаркарски шампионат, МЗТ Скопје Аеродром го победи Куманово со 76:70. Како клучна за конечниот резултат се покажа разликата од 11 поени што домаќините ја создадоа во последните десет минути (21:10). Резултати на натпреварите одиграни вчера: Шкупи – АВ Охрид 90:101 Вардар – Гостивар 80:82 Блокотехна – Работнички 75:61 …

МЗТ Скопје Аеродром го победи Куманово со 76:70 Read More »

Почина повредениот во престрелката во Куманово


Повредениот од огнено оружје во престрелката во Куманово им подлегна на повредите, потврдија од Ургентниот центар во Скопје. Лицето беше повредено синоќа околу 18:30 часот во Куманово во инцидент на улицата „Тоде Мендол“ по претходна вербална расправија меѓу две семејства. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Почина жена во пожар во Куманово


Седумдесет и едногодишна жена загина во пожар што синоќа избувнал во нејзината куќа во кумановското село Доброшане. Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа околу 20.40 часот било пријавено дека во село Доброшане, на место викано „Студена вода“, во куќата сопственост на М.Л.(71) избувнал пожар, при што куќата целосно изгорела. Од здобиените повреди при пожарот, М.Л. починала. …

Почина жена во пожар во Куманово Read More »

Куманово: Полициски возило удри во седумгодишно дете


Седумгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 9.50 часот на улицата „11 Октомври“ во Куманово. Според полицијата, автомобил „фиат линеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од П.С. (44), вработен во МВР удрил во момчето, кое итно било пренесено во болницата во Куманово од каде, по извршен лекарски преглед, му биле …

Куманово: Полициски возило удри во седумгодишно дете Read More »

Изгоре куќа во пожар во Куманово


Куќа изгоре во пожар кој вчера околу пладне избувнал на ул. „Доне Божинов“ во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Во 12:20 четворица пожарникари со едно возило по претходно добиена пријава излегле на терен и го изгаснале пожарот, а нивната интервенција траела до 12:55 часот. Причините за пожарот и материјалната штета допрва …

Изгоре куќа во пожар во Куманово Read More »

Исчезната жена од Куманово, семејството бара помош од граѓаните


Јагода Серафимовска (66) од Куманово, вчера во утринските часови го напуштила Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово каде престојувала. Семејството на Серафимовска побара помош од граѓаните доколку ја забележат да ја пријават во полциска станица или да се јават на телефонските броеви 078/334-392, 078/ 334-372. Исчезнатата жена има здравствени проблеми. Од МВР потврдија …

Исчезната жена од Куманово, семејството бара помош од граѓаните Read More »

УХМР: Најмногу дожд во Куманово, најмалку Тетово и Маврово


До 13 часот во невремето што зафати делови од Македонија најногу дожд наврна во Куманово – 20 литри на метар квадратен, во Скопје Петровец 16, Скопје З. Рид 11, Лазарополе 4  и помалку од 1 во Маврово и Тетово, соопшти УХМР. Оттаму информираат дека врнежите на Метеоролошката станица Зајчев Рид траеле само 25 минути и тоа …

УХМР: Најмногу дожд во Куманово, најмалку Тетово и Маврово Read More »

Општина Куманово не сака споменик за загинатите полицајци


„Советот на општина Куманово вчера донесе срамна и скандалозна одлука, одбивајќи поставување на спомен обележје на: Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исмед Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ, македонски бранители кои ги дадоа својот живот за нашата татковина“, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Во најголемата опозициска партија сметаат дека оваа одлука …

Општина Куманово не сака споменик за загинатите полицајци Read More »

Шеесетгодишен кумановец пишувал графити на спомен плочата на Тито во Куманово


Шеесетгодишниот кумановец М.З. сам се пријавил во кумановската полиција и информирал дека тој ги испишал графитите на спомен плочата на Јосип Броз Тито поставена на градскиот плоштад, соопшти денеска, СВР Куманово. Во соопштението на полицијата се наведува дека лицето се пријавило самоиницијативно, вчера, во 12 часот во полициската станица во Куманово. По целосното расчистување на …

Шеесетгодишен кумановец пишувал графити на спомен плочата на Тито во Куманово Read More »

Кукаст крст за Тито во Куманово


Непознати сторители напишале погрдни графити на спомен плочата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито на градскиот плоштад во Куманово. На плочата нацртан е кукаст крст, а на плочникот пред одбележјето испишани се погрдни графити. Настанот се случил ноќта спроти 25 мај. Поддржувачите на Тито вчера го одбележаа овој ден. Настанот го осуди и …

Кукаст крст за Тито во Куманово Read More »

Уништена урбана опрема во Куманово


Во Куманово е уништена урбана опрема на градскиот плоштад. Одеелението за односи со јавност во Куманово информира дека сеуништени канделабри и оти инспекциски служби на Општината веќе се на терен. – Несовесни граѓани продолжуваат со своето недолично однесување. На кого му пречи да биде осветлен и уреден градскиот плоштад кој е на сите и за …

Уништена урбана опрема во Куманово Read More »

Три години по крвавиот пир во Диво Насеље, и натаму повеќе прашања отколку одговори


Алијансата за Албанците побара, од Владата одговорија дека конечно се исполнети условите за започнување на меѓународна експертиза за овој случај. Пред точно три години во Куманово се случи 48-часовна војна во која имаше голем број жртви и трауматизирани граѓани кои не знаеја што им се случува. На втори ноември минатата година 33 лица беа прогласени …

Три години по крвавиот пир во Диво Насеље, и натаму повеќе прашања отколку одговори Read More »

Нови фасади и стари лузни во Диво насеље


  Куманово – Пред влезот на улицата „Перо Илиевски“ во кумановското Диво Насеље повеќе го нема згмечениот и опожарен автомобил што настрада при почетокот од крвавите случувања пред три години, како и транспарентот со имињата на загинатите терористи што се појави неколку месеци подоцна. Единствено изрешетаната куќа на првиот свиок сѐ уште стои како потсетник …

Нови фасади и стари лузни во Диво насеље Read More »