Почина повредениот во престрелката во Куманово


Повредениот од огнено оружје во престрелката во Куманово им подлегна на повредите, потврдија од Ургентниот центар во Скопје.

Лицето беше повредено синоќа околу 18:30 часот во Куманово во инцидент на улицата „Тоде Мендол“ по претходна вербална расправија меѓу две семејства.

Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.