Теодоракис: Да одиме на сложено име со еден, непреведен збор


Сложено име што ќе содржи еден, а не два збор, на македонски јазик, без превод, е она што го предлага лидерот на партијата Река, кој смета дека иредентизмот е поголем проблем од името. По средбата со грчкиот премиер, Ставорс Теодоракис, јавува дописникот на МИА од Атина, рече дека неговата партија има јасна и кристална позиција, …

Теодоракис: Да одиме на сложено име со еден, непреведен збор Read More »

Генимата до Ципрас: Сложено ерга омнес име и правни гаранции против иредентизмот


Правни гаранции што „ќе ги отстранат иредентизмот и фалсификувањето на името“, заедно со сложено ерга омнес име со географска одредница и свикување на лидерска средба се барањата до грчкиот премиер од претседателката на ПАСОК и лидер на Демократската коалиција. Фофи Генимата по средбата со Алексис Ципрас, јавува дописникот на МИА од Атина, го повторила ставот …

Генимата до Ципрас: Сложено ерга омнес име и правни гаранции против иредентизмот Read More »

Ципрас на одделни средби со лидерите на политичките партии за прашањето за името


На одделни средби, со претседателите на сите политички партии со исклучок на Златна зора, грчкиот премиер Алексис Ципрас во текот на денот ќе разговара за прашањето со името, по средбата со македонскиот премиер, а во пресрет на посетата на Метју Нимиц. Алексис Ципрас, според грчките новинари, телефонски разговарал со лидерите на партиите и сите позитивно …

Ципрас на одделни средби со лидерите на политичките партии за прашањето за името Read More »

Политичките лидери на координативен состанок за името


Државно-политичкиот врв денеска ќе одржи координативен состанок на кој ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата околу името меѓу Македонија и Грција, што ја предложи медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц на 17 јануари во Њујорк. Состанокот се одржува на иницијатива на Министерството за надворешни работи во Клубот на пратеници во 18 часот. …

Политичките лидери на координативен состанок за името Read More »

Грците сакаат да се реши спорот со името


Мнозинството Грци посакуваат да се реши прашањето со името, покажува новото истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Алко“ за грчкото радио „24/7“. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, 63 отсто од испитаниците се за постигнување заемно прифатливо решение, 21 отсто сметаат дека работите треба да останат така како што се …

Грците сакаат да се реши спорот со името Read More »

Еуроактив: ВМРО-ДПМНЕ и Русија го блокираат решението за името


Еуроактив: ВМРО-ДПМНЕ со помош од Русија, се обидува да го попречи решавањето на спорот за името Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ охрабрувана од Русија, се обидува да го попречи решавањето на спорот со Грција за името што го блокираше напредокот на Република Македонија  во пристапувањето во НАТО и во европска Унија, пишува Еуроактив. Порталот коментира дека изјавата на македонскиот преговарач Васко …

Еуроактив: ВМРО-ДПМНЕ и Русија го блокираат решението за името Read More »

Итен состанок на Коѕијас и Ципрас за името


За вчерашната средба во Њујорк, за текот на преговорите и за презентираните предлози од медијаторот Нимиц, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас го информирал грчкиот премиер на нивната денешна средба во премиерската палата. Состанокот, како што јавува дописникот на МИА од Атина, бил закажан за попладневните часови, а официјално не беше најавен ниту …

Итен состанок на Коѕијас и Ципрас за името Read More »

(ВИДЕА)Столтенберг: Спорот за името мора да се реши, нема план „Б“


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата нема план „Б“ за влез на земјата во НАТО. „Спорот со името мора да се реши“, порача Столтенберг на заедничката прес-коференција со премиерот Зоран Заев, поладнево во Владата на Република Македонија. – Спорот за името со Грција мора да се реши. Нема друг начин за влез …

(ВИДЕА)Столтенберг: Спорот за името мора да се реши, нема план „Б“ Read More »

Владата незадоволна од изјавите на Васко Наумовски


Согласно узансите на дипломатијата, идеите на медијаторот не се коментираат јавно пред темелна анализа и изграден став на државниот врв, велат од Министерството за надворешни работи за МИА во врска со вчерашната изјава на македонскиот преговарач во спорот со Грција за името, Васко Наумовски. – Учеството во процесот за надминување на разликата околу името меѓу …

Владата незадоволна од изјавите на Васко Наумовски Read More »

Ѕанакопулос: Ерга омнес значи промена на уставното име на соседите


Промена на уставното име, употреба во внатрешноста на земјата и заложба владата зад себе да го остави иредентизмот, се барањата од официјална Атина за постигнување решение, објаснува портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за радиото Солун 94.5. Ставот на Ѕанакопулос, пренесува дописникот на МИА од Атина, е дека се почнати интензивни преговори со …

Ѕанакопулос: Ерга омнес значи промена на уставното име на соседите Read More »

Османи: Грција прифаќа име во кое би бил содржан терминот Македонија


Во моментов постои консензус терминот Македонија да се најде во која било варијанта за решавање на спорот со Грција за името, изјави вечерва вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во интервју во Анализа 24. Тој нагласи дека грчките власти прифаќаат име во кое би бил содржан терминот Македонија. Не сакаше отворено да зборува за …

Османи: Грција прифаќа име во кое би бил содржан терминот Македонија Read More »

Коѕијас: Сложено име различно од грчка Македонија


Грција претпочита сложено име што ќе ја разликува „ПЈРМ“ од грчка Македонија и кое ќе биде за севкупна употреба, изјави министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас. Во интервју за грчката ТВ Антена, Коѕијас детално и опширно говореше за прашањето за името и грчките позиции. Објасни дека коалицискиот партнер во владата Панос Каменос е …

Коѕијас: Сложено име различно од грчка Македонија Read More »

Грчки медиуми: Сложено име напишано на македонски, можно решение


Сложено име со одредница во кое е содржан треминот Македонија, но напишано на македонски јазик без превод на другите јазици, во грчкиот печат се споменува како можно решение за името. Како конкретен и евентуален предлог во вчерашните текстови на новинарите од телевизиите „Скај“ и „Антена“, од весниците „То Вима“, „Катимерини“ и „Естиа“, преовладува името „Нова …

Грчки медиуми: Сложено име напишано на македонски, можно решение Read More »

Заев: решение на спорот за името до јули


Оптимизам и убеденост дека и двете страни имаат капацитет и можат да најдат решение на проблемот со името до крајот на првата половина на 2018, изрази македонскиот премиер во интервјуто за грчката телевизија Алфа. Зоран Заев. Македонскиот премиер рече дека решението треба да биде прифатливо и за двете земји, со коментар дека такво решение постои, …

Заев: решение на спорот за името до јули Read More »

Мицкоски: Опозицијата нема информација до каде се преговорите за името


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека во врска со спорот со името до овој момент тие немаат информација за тоа како се одвиваат преговорите, ниту за нивната содржина и суштина. – Заклучно со овој момент можам да го потврдам истото тоа што го потврди и најголемата опозициска партија кај нашиот јужен сосед, односно …

Мицкоски: Опозицијата нема информација до каде се преговорите за името Read More »

Во Грција се споменува име на македонски јазик без превод како можно решение


Терминот Македонија со одредница во рамки на сложено име, но на македонски, без превод на другите јазици е она што во Грција се споменува како можно решение на името. Како конкретен и евентуален предлог преовладува името „Нова Македонија“, токму како што се изговара на македонски. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, текстовите на …

Во Грција се споменува име на македонски јазик без превод како можно решение Read More »

Спорот за името во фокусот на грчката јавност


Централна тема во грчките медиуми е спорот за името и евентуални конкретни предлози за негово решавање, како и можни сценарија за договор, најавениот протест во Солун, и внатрешно-политички несогласувања во Грција. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во неделните изданија на грчките весници (кои вонредно излегоа вчера поради празникот Водици во Грција) долгогодишниот …

Спорот за името во фокусот на грчката јавност Read More »

Влада на РМ: Не се разговара за потенцијално име


Не се разговара за потенцијално име. Се гради довербата меѓу двете влади, нов момент на пријателство, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со разговорите меѓу Скопје и Атина за решавање на прашањето за името. Одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата. Бошњаковски потенцира дека целта е прашањето да биде …

Влада на РМ: Не се разговара за потенцијално име Read More »

Ципрас оптимист за спорот со името


Грчкиот премиер Алексис Ципрас повторно порача дека е оптимист за прашањето за името, но очекува и конкретни чекори од македонска страна. Смета дека годинава се отвора прозорец на можности за решение и потребно е да се донесат неопходни одлуки. Грчкиот премиер, како што јави дописникот на МИА од Атина, повторно јавно говори за спорот меѓу …

Ципрас оптимист за спорот со името Read More »

Коѕиас: Мора да најдеме компромис за името


Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ изјави дека спорот за името мора да се реши со компромис. – Она што ни е потребно е ПЈРМ да покаже култура на консензус и компромис што значи дека ниту ние ниту тие ќе добијат се. Мора да најдеме компромис …

Коѕиас: Мора да најдеме компромис за името Read More »