Мицкоски: Опозицијата нема информација до каде се преговорите за името


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека во врска со спорот со името до овој момент тие немаат информација за тоа како се одвиваат преговорите, ниту за нивната содржина и суштина.

– Заклучно со овој момент можам да го потврдам истото тоа што го потврди и најголемата опозициска партија кај нашиот јужен сосед, односно нејзиниот претседател Мицотакис, кој кажа дека и кај нив најголемата опозисиска партија не е вклучена во разговорите за името, рече Мицкоски на новинарско прашање по утринската литургија во Соборниот храм „Све. Климент Охридски“ во Скопје.

Според него, на овој начин, тие не би можеле да коментираат  што било, за тоа кое би било решение од премиерите во двете земји Заев и Ципрас.

Учеството на децата во бадникарската поворка, како што кажа, не го оценува како задирање во секуларноста, бидејќи, како што рече, на тој начин ја изразуваат верата во Бога од најмали години, а човек кој што верува во Бога од најмали години може да се развие само во правилна личност. 

Во врска со расколот во движењето Беса, Мицкоски порача што побрзо обединување и закрепнување, бидејќи вели, еден таков цврст политички субјект како ова партија и е потребна на политичката сцена во Македонија.

– Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам дека партијата е обединета и сплотена, рече Мицскоски.

Тој повика и на поширок фронт луѓе од јавната сфера кои би се сплотиле со нив во битката против власта