Апелација ја потврди затворската казна за Груевски


Апелациониот суд ја потврди затворската казна за поранешниот премиер Никола Груевски, со што пресудата со која е осуден на две години затворска казна за случајот „Тенк“ односно набавката на луксузниот мерцедес станува правосилна. „Жалбите на обвинетиот Н.Г. од С. изјавени лично и преку неговите бранители судот ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди …

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски Read More »

Потврдена доживотната казна затвор за турските новинари


Турција – Суд во Турција ја потврди доживотната казна затвор за истакнатиот новинар Ахмет Алтан и петмина други, кои беа осудени во февруари поради помагање на заговорниците на  пучот во 2016 година. Ахмет Алтан, неговиот брат Мехмет Алтан, и уште четворица други новинари претходно беа осудени на доживотна казна затвор поради поврзаност со муслиманскиот проповедник …

Потврдена доживотната казна затвор за турските новинари Read More »

Пуштен од затвор внукот на Енвер Хоџа, осуден за шверц со кокаин


Ослободен е од понатамошно издржување на затворската казна Ермал Хоџа, внук на поранешниот претседател на Албанија,Енвер Хоџа,кој поради шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа беше осуден на 10-годишна затворска казна. Хоџа и осуммина негови соучесници, меѓу кои и двајца државјани на Колумбија, беа уапсени во јануари 2015 година,во рамки на акцијата „Џибрака“ во …

Пуштен од затвор внукот на Енвер Хоџа, осуден за шверц со кокаин Read More »

Македонски државјанин побегна од косовски затвор


Двајца затвореници, К.Г. (28) од Урошевац и Ш.Н. (31), државјанин на Македонија, кои се осудени за кривично дело тешка кражба, побегнаа вчера од затворот Дубрава во Косово, по што, денеска, се уапсени двајца полициски офицери од овој затвор, јави дописникот на МИА од Приштина. Извори од полицијата информираа дека полициските службеници се приведени и притворени …

Македонски државјанин побегна од косовски затвор Read More »

Над десет години казна затвор за злоставувањето на штитетничката


Над десет години затвор добија тројцата обвинети за сексуалното злоставување на малолетното девојче штитеничка на државните домови за деца со воспитно социјални проблеми, кое остана бремено. Сите тројца ја признаа вината, првообвинетата Мајмире Дестанова која ја продавала малолетничката е осудена на 13 години затвор, а нејзиниот невенчан сопруг Ерол Јашаров и неговиот внук Сезар Раимов, …

Над десет години казна затвор за злоставувањето на штитетничката Read More »

Трка со времето: Груевски на слобода или во затвор?


Поранешниот премиер Никола Груевски денеска би требало да се појави пред Апелацискиот суд во Скопје каде што ќе почне расправата за мајската пресуда за случајот „Тенк“, со која беше осуден на двегодишна затворска казна поради противзаконито влијание во набавката на луксузниот „мерцедес“. Неговата одбрана поднесе жалба со образложение дека нема вина кај екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ …

Трка со времето: Груевски на слобода или во затвор? Read More »

Владата го разреши директорот на струшкиот затвор


Владата на денешната седница го разреши директорот на струшкиот затвор, Арменд Шаќири. Во одлуката на владата стои дека тој е сменет од должноста на негово барање. Во барањето кое го доставил пред две недели, Шаќири не ги навел причините поради кои бара да биде разрешен. Според извори на Алсат М, тој и еден полициски инспектор се …

Владата го разреши директорот на струшкиот затвор Read More »

Над 10 години затвор за напаѓачите на Села


Седуммината обвинети за нападот врз пратеникот Зијадин Села што се случи на 27 април минатата година во Собранието, добија над десет години затвор. Највисока затворска казна од 13 години шест месеци доби обвинетиот Никола Војминовски. По 13 години добија обвинетите Кире Георгиевски и Александар Јаневски Тошта. Андреј Мицов, Коста Делов, Оливер Ошавковски и Николче Димитриевски се …

Над 10 години затвор за напаѓачите на Села Read More »

Поранешниот грчки министер за одбрана Цохаѕопулос излезе од затвор


Поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохаѕопулос денеска излезе од затвор, откако пред шест години беше уапсен под обвинение за примање поткуп. Цохаѕопулос беше пуштен на слобода откако петчлен Совет на Апелацискиот суд во Атина го прифати неговото барање за ослободување од затвор до изнесувањето на конечната одлука по жалбата на пресудата од страна на …

Поранешниот грчки министер за одбрана Цохаѕопулос излезе од затвор Read More »

Апелација ја преиначи пресудата: Затвор за дедото на Тамара


Апелациониот суд ја преиначи пресудата за дедото на малата Тамара од Велес, кој беше осуден на условна казна затвор за поседување оружје по признанието на вина. Одлуката следува по жалбата на Обвинителството. Љупчо Стојановски со одлуката на второстепениот суд е осуден на ефективна казна затвор од 1 година. На 11 јули се закажани завршните зборови …

Апелација ја преиначи пресудата: Затвор за дедото на Тамара Read More »

Први затворски казни за нападот врз пратениците во Собранието


Судот ги изрече првите затворски казни за нападот во Собранието што се случи на 27 април минатата година во Собрание. Стојан Павлески е осуден на три години затворска каза, а Цејо Ѓоргиевски е осуден на една година и два месеца затвор за кривичното дело насилство, односно за насилничкото однесување кон пратениците во Собранието. Претседателката на …

Први затворски казни за нападот врз пратениците во Собранието Read More »

Затвор за гинекологот кој лажеше пациентка дека е бремена


Затвор за гинекологот кој лажеше пациентка дека е бремена Гинекологот Николче Дамчевски, кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена вчера беше осуден на година ипол ефективна казна затвор. Судот му изрече и забрана за вршење дејност во траење од осум години. Дамчевски пред судот ја призна вината. – Не сме задоволни од изречената казна. …

Затвор за гинекологот кој лажеше пациентка дека е бремена Read More »

Затворска ресоцијализација: Еден воспитувач на околу сто затвореници


Еден воспитувач на околу сто затвореници, осуденици кои велат дека никогаш не ги виделе своите воспитувачи, простории наменети за ресоцијализација зафатени со кревети на кои спијат затвореници, вака отприлика изгледа состојбата со ресоцијализацијата на лицата осудени на отслужување затворска казна во земјава, пишува МИА. Неофицијално, според податоците на невладиниот сектор, околу 60 отсто од затворениците …

Затворска ресоцијализација: Еден воспитувач на околу сто затвореници Read More »

ЗАТВОРСКА КОРУПЦИЈA: Мобилен со интернет за 600, без интернет до 200 евра


Мобилен телефон со интернет, стар неколку години чини 600-700 евра, мобилен без интернет само за да се јавиш, чини околу 200 евра, телевизор 32 инчи 500-600 евра, душек половен 1.000 денари, мал замрзнувач 200 евра… ова се дел од цените во затворот Идризово за забранетите работи до кои доаѓаат затворениците, пишува МИА. Недоволната кадровска екипираност …

ЗАТВОРСКА КОРУПЦИЈA: Мобилен со интернет за 600, без интернет до 200 евра Read More »

По трагата на извештајот на Стејт департментот: Подобро затвореник, отколку притвореник!


Затворската пренатрупаност, нехигиената и супстандарните услови, недоволната медицинска грижа, неефикасноста на правната помош, неспроведување на програмите за ресоцијализација, се само дел од проблемите што укажуваат на нехуманиот и несоодветен третман на осудените лица. Стејт департментот вообјавениот извештај за човековите права за Македонија како едно од најкритичните прашања ја нотираше тортурата во македонските затвори. Екипа на …

По трагата на извештајот на Стејт департментот: Подобро затвореник, отколку притвореник! Read More »

Фејзи Азири од болница е повторно вратен во затворот во Штип


Еден од обвинетите во случајот Монструм, Фејзи Азири е вратен во затворот во Штип. Со полициско обезбедување тој бил спроведен околу 13.30 часот, потврдија од затворската управа за тв24. Денеска Кривичниот совет одлучи обвинетиот Азири да биде вратен во затвор, каде треба да издржува затворска казна за недозволено поседување на оружје. Како што соопштија од …

Фејзи Азири од болница е повторно вратен во затворот во Штип Read More »

Примерните затвореници ќе посетуваат културно-уметнички настани


Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и директорот на КПУ Затвор Скопје во Шуто Оризари Ѓоко Котевски ќе потпишат меморандум за соработка со кој се предвидуваат активности за унапредување на културно – уметничките содржини за затворениците како една од најранливите категории граѓани. Мерките предвидуваат посета на културно-ументички настани за примерните осуденици, збогатување на библиотеките, организирање работилници …

Примерните затвореници ќе посетуваат културно-уметнички настани Read More »

Бобан Илиќ осуден на шест години, а таткото на Алмир доби шест месеци затвор


Основниот суд Куманово денеска ја објави пресудата во „случајот Алмир“ и првообвинетиот Бобан Илиќ го прогласи за виновен  за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и имотот и му одреди казна затвор од шест години. Судот за виновен го прогласи и второбвинетиот Седат Алиу, таткото на  Алмир, определувајќи му казна затвор од шест месеци. По девет месеци …

Бобан Илиќ осуден на шест години, а таткото на Алмир доби шест месеци затвор Read More »

Семејствата на четирите Роми тужат за ненадејната смрт во затворите


Семејствата на четирите Роми, кои ненадејно умреа во македонските затвори, ја тужат Управата за извршување санкции, како и Министерството за здравство, за дискриминација во нивниот пристап до здравствена нега и заштита, што резултирала со смрт на членовите на нивните семејства. Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) ќе ги застапува и веќе поднесе колективна граѓанска …

Семејствата на четирите Роми тужат за ненадејната смрт во затворите Read More »

Маж се обесил во битолскиот затвор


Вработен во Одделението за притвор во Затворот Битола утрово околу 6 часот го пронашол обесен И.Д.(54). Смртта е констатирана од страна на лекар од Брза помош. Од страна на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увидот е во тек.