Над десет години казна затвор за злоставувањето на штитетничката


Над десет години затвор добија тројцата обвинети за сексуалното злоставување на малолетното девојче штитеничка на државните домови за деца со воспитно социјални проблеми, кое остана бремено.

Сите тројца ја признаа вината, првообвинетата Мајмире Дестанова која ја продавала малолетничката е осудена на 13 години затвор, а нејзиниот невенчан сопруг Ерол Јашаров и неговиот внук Сезар Раимов, кои сексулано ја злоупотребувале, се осудени на 12 години затвор. Тие се товарат за трговија со дете и за сексуална злоупотреба на малолетната штитеничка.

Според обвинението Дестанова за 200 евра го продавала девојчето по кафани во Кавадарци, ја терала да ги забавува гостите, и давала алкохол и ја тепала. Од Кавадарци, Дестанова го однела девојчето во Радовиш, кај нејзиниот невенчан сопруг кој сексуално ја злоупотребувал, а истото го правел и неговиот внук. Хоророт на девојчето завршил кога останало бремено и Дестанова ја пратила во Скопје да абортира и да се врати.

Девојчето го пријавило веднаш случајот во институциите кој во јавноста предизвика скандал откако беше објавен. Овој случај го обелодени третманот кој го имаат штитениците од домовите.