Хашим Тачи бара укинување на границата меѓу Косово и Албанија


Косовскиот претседател Хашим Тачи веднаш по враќањето од Тирана, каде што учествуваше на самитот на „Процесот Брдо-Бриони“, побара укинување на границата меѓу Косово и Албанија.

Тачи на својот Фејсбук напиша дека денеска поминал низ граничниот премин Морина, кој, според него, „неправедно ги дели Косово и Албанија“.

– Тукушто ја поминав граничната точка во Морина, која неправедно ги дели Косово и Албанија. Оваа граница е поставена спротивно на волјата на Косово и на Албанија. Тие гранични руини треба да се отстранат еднаш и засекогаш. Косово и Албанија треба да имаат слобода на движење на граѓаните и на стоките според европските стандарди. Косовските и албанските институции треба да се охрабрат да ги донесат тие одлуки и тоа без и најмало одлагање!, порача Тачи.