Место да обучуваат, увезуваат здравствени работници на штета на посиромашните држави

СЗО пресмета дека на Европа и недостигаат 17 милиони здравствени работници, но тие не треба да се надоместуваат со „увоз“, бидејќи страдаат граѓаните на посиромашните држави.


Во април 2020 година, за време на првата фаза од пандемијата, Романија се соочи со најголем број на инфекции со корона и смртни случаи во цела Европа. Не само поради сомнежот за вакцината – едноставно немаше доволно медицински персонал да се грижи за пациентите.

Според Виенскиот институт за меѓународни економски студии  ниту една друга европска земја не изгубила толку многу лекари помеѓу 2010 и 2018 година. Георге Борчеан, директор на Редот на романските лекари, го проценува бројот на лекари кои дале откази на 14.000 или повеќе од една четвртина од сите романски лекари. Според Светската здравствена организација (СЗО), Романија води во Европа по смртност што може да се избегне: 2,5 пати повеќе од просекот на остатокот од Европа.

 

, од кои 2,6 милиони се лекари, а 9 милиони медицински сестри и акушерки. Овој недостаток може да се почувствува во сите европски земји, но не секаде со ист интензитет, бидејќи земјите-членки на ЕУ во јужна и источна Европа се земји на потекло на овие кадри за другите европски земји. Ова води до поголем недостиг во овие земји, а исто така и во земјите со низок и среден приход надвор од Европа.

„Во основа, сите го имаат истиот проблем“, вели професорот по здравствена економија Јохен Миерау од Универзитетот во Гронинген, кој испитува кои трендови се видливи на здравствениот пазар.

„Повеќе потреби за нега и помалку луѓе кои ја обезбедуваат таа грижа. Ова се случува на организациско ниво бидејќи позициите не се пополнуваат. Исто така, на регионално ниво, бидејќи листите на чекање се зголемуваат. И надвор од тоа на меѓународно ниво. Гледаме зголемена побарувачка за персонал од странство, но и самите овие земји имаат потреба од овие здравствени работници“.

Нееднаквоста во пристапот до здравјето ја загрижува и Светската здравствена организација, според  извештајот „Здравствени работници во Европа: време за акција“, објавен во септември 2022 година. Тој покажува дека земјите со помалку здравствени работници според број на  население, како на пример земјите од Источна Европа и земјите од Централна Азија, како што се Узбекистан и Казахстан, имаат релативно низок животен век. Просечната возраст на луѓето во западноевропските земји е 87 години, а во Централна Азија и Источна Европа во просек 70 години.

Уште потрогателна е табелата на смртни случаи на деца до пет години. Во некои делови од Централна Азија (со просек од седум лекари на 100 луѓе) смртноста на доенчињата е 43 проценти, додека во многу западноевропски земји (со 20 до 30 лекари на илјада луѓе) смртноста на доенчињата е околу 3 проценти.Исто како Романија, другите источноевропски земји како Србија испраќаат медицински персонал во побогатите европски земји – без да можат да направат многу за тоа.

Германија, на пример, е примачот. Додека во 2013 година процентот на медицински сестри од странство – главно од ЕУ – меѓу германските медицински сестри беше 5,8 проценти, овој број се удвои на 11 проценти денес, со апсолутен број од 200.000 негермански медицински сестри кои работат во формалниот германски здравствен систем. Дури 43 отсто од нив доаѓаат од други земји-членки на ЕУ и 17,5 отсто од земјите од Западен Балкан, според хонорарниот истражувач Хајно Гуелдеман.

Гелдеман е автор на извештајот „Миграција и мобилност на здравствените работници во Германија“. Во извештајот, тој дава преглед на потеклото на различните даватели на здравствени услуги во Германија.

 „Германија е гигант во Европа. Таа има добра причина да се придржува до етиката на регрутирање и принципите формулирани од СЗО, како на пример сите земји-членки да мора да ги задоволат сопствените потреби за медицински персонал. Но, во пракса го гледаме спротивното. Систематската миграција на здравствените работници во Германија е европски и глобален здравствен скандал“, вели Гелдеман.

Според него, околу 14,7 отсто од лекарите кои работат во Германија ја завршиле својата обука надвор од Германија. притоа, дури  50 отсто од нив доаѓаат од Источна и Југоисточна Европа. Истото важи и за медицинскиот персонал.

„Во моментов има повеќе медицински сестри од Босна кои работат во Германија отколку во цела Босна. Населението во руралните области на овие земји ги сноси трошоците. Помалите болници во овие земји го губат својот персонал“.

Според директорот на српскиот лекарски ред, Милан Диниќ, би имало логика да се склучат договори на европско ниво за бројот на потребни лекари по жител. Србија, земја со седум милиони жители, има 27.000 лекари, еден на секои 260 луѓе. Во Романија, бројот на лекари е 53.000 на 20 милиони население (еден на 377), а во Германија, со повеќе од четири пати поголемо население од Романија (83 милиони) има 400.000 лекари (еден на 207 жители).

Но, на тенденцијата за регрутирање од други земји е тешко да се одолее во подолги периоди на недостиг. Во Холандија, на пример, Министерството за здравство, благосостојба и спорт  нарача проективно истражување. Резултатите беа дека недостигот на медицински кадар во земјата може да се искачи на 140.000 луѓе во 2030 година.  Домовите за нега се очекува да имаат уште потешко време со недостиг од 51.900 луѓе.

Во септември минатата година, холандскиот советодавен Комитет за имиграциски прашања  го советуваше кабинетот да направи напори за привлекување работници мигранти надвор од Европската унија. На пример, со влегување во партнерства со земји како Турција и Индонезија. Моник Кремер, претседател на овој Комитет, и кажа на холандската национална медиумска компанија НОС за важноста од „доволно“ медицинско покривање на сите, па оттука и препораката на нејзината организација да се гледа надвор од националните граници. Но, прашањето е што се подразбира под „сите“. Дали ова ги вклучува и луѓето од земјите на потекло на здравствените работници? Според Светска банка, пак, бројот на лекари на илјада жители во Индонезија е 0,5. Земјата е многу надолу на листата во однос на густината на лекарите по глава на жител.

Во моментов, главно медицински сестри, а не лекари мигрираат во Холандија од Индонезија, но бројката сè уште покренува прашања за квалитетот на грижата во Индонезија во споредба со онаа во Холандија. Друг пример е Турција, исто така земја која извештајот ја препорачува за регрутирање медицински сестри. Според извештајот на СЗО оваа земја моментално има најмал број медицински сестри (2,5) на илјада жители во Европа.

Хајно Гуелдеман вели: „Премалку ги плаќаме нашите медицински сестри, па тие даваат отказ. Затоа регрутираме медицински сестри во странство. Ова е проблематично. Мора да ја намалиме побарувачката на медицински персонал од странство и да ја направиме професијата поатрактивна за нашите жители. Како западни земји, проблемот сме ние самите, а не земјата од која го добиваме медицинскиот персонал“.

Според Пабло Санчез од , Европската федерација на синдикати за јавни услуги,  Европската комисија охрабрува регрутирање на здравствени работници од надвор од Европа поради политиката на сината карта, која им олеснува на странците да работат во Европа, а во исто време ги спречува владите да преземат соодветни мерки.

„Политиката на ЕУ ги повикува земјите да не трошат пари на структурни прилагодувања, како што се платите“.

Но, според професорот по здравствена економија Јохен Миерау, дури и зголемувањето на платите или зголемувањето на задоволството од работата нема да функционира:

„Повисоките плати може да ги привлечат луѓето во секторот, но недостигот на работна сила влијае на целиот полујавен сектор, вклучително и на образованието и полицијата. Здравствената заштита е последниот трудоинтензивен сектор во западниот свет. Порано многу здравствени проблеми можеа да се решат со повеќе пари, а со тоа и повеќе персонал. Но, персоналот веќе не е достапен. Ние сме во транзиција од грижа за бејби бумовите кон грижата за бејби бумовите“.

Регрутирањето кадри од странство не е решение, рече Гуелдеман. „Правото на грижа е човеково право. Не можете да го оставите тоа на пазарот. Но, ќе стекнете малку пријатели со тоа што ќе побарате од ЕУ да го реши ова прашање. ЕУ не сака да интервенира затоа што здравствениот систем е под ингеренција на земјите-членки. И колку се помоќни земјите во ЕУ, толку повеќе имаат корист од слободниот пазар“.

Србија и Романија сепак направија напори да го запрат одливот на мозоци. 

„Србија ја прекина програмата за регрутирање медицински сестри на  ГИЗ и соработката со Федералната агенција за вработување. Покрај тоа, Србија активно спроведува правна постапка против здравствените компании кои незаконски регрутираат медицински сестри во Србија“, вели Гуелдеман.

Романија избра искушение. Платите на лекарите се удвоија, а во некои случаи и четирикратно во 2019 година. Се надеваат дека, како резултат на тоа, повеќе лекари и медицински сестри ќе изберат да останат во земјата. (ЕУ Обсервер)