Свештениците во Франција сексуално злоупотребувале околу 330.000 деца


Околу 216.000 деца се жртви на злоупотреба од страна на членовите на католичкото свештенство во Франција од 1950 година, изјави Жан-Марк Сове, шефот на истражувачкиот оддел за злоупотреби составен од членови на Француската католичка црква.

Тој рече дека бројот може да се искачи на 330.000, кога ќе се вклучат и злоупотреби од членови на Црквата. Една жртва го нарече извештајот пресвртница во историјата на Франција.

Ова е најнов скандал во Франција што ја погоди Римокатоличката црква, која беше потресена од скандали за сексуална злоупотреба низ целиот свет, во кои честопати беа вклучени и деца.

Француската истрага беше нарачана од Француската католичка црква во 2018 година.

Комисијата откри докази за минимум 2.900 до 3.200 насилници – од вкупно 115.000 свештеници.