Судир на возови во Данска, има повредени
Два воза се судрија во Данска во четврток наутро, при што беа повредени неколку лица, изјавија локалните служби за итни случаи за Ројтерс.
Помеѓу пет и десет лица се повредени, соопштија службите за итни случаи. Медиумите објавија дека 17 лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба.
Инцидентот се случил во близина на Хилерод, северно од Копенхаген.
„Два локални воза се судрија челно“, изјави портпаролот на противпожарната служба за пошироката област на Копенхаген.
„Има повредени меѓу патниците. Сите излегоа од возовите, па никој не беше заробен… Голема сила е испратена на местото на настанот“, додаде портпаролот.