Судија го блокира Бајден

Федералниот судија во Тексас, Дру Типтон, ја блокира наредбата на претседателот на САД Џо Бајден, да се забранат депортации на мигранти во наредните 100 дена.
Судијата Типтон одлуката ја донесе рано утрово по средноевропско време и таа ќе важи неодредено, пренесе „Њујорк тајмс“.
Државниот обвините на Тексас Кен Пакстон порано напиша тужба против забраната за депортација, тврдејќи дека е неуставна и дека ќе предизвика значителни економски проблеми на таа американска држава.
Типтон, кого го постави поранешниот претседател Доналд Трамп, и во јануари привремено ја блокираше Бајденовата одлука на две недели, затоа што, како што појасни, новата администрација не дала конкретни, оправдани причини за 100 дена забрана.
Забраната за депортација на Бајден требаше да важи за секој мигрант кој ќе влезе илегално во земјата и со услов да не е обвинет за тероризам и за шпионажа.