Студентка ги соблече алиштата на универзитет во Техеран и беше приведена

Младата студентка се шеташе низ просториите на универзитетот само по долна облека


 

Студентка се соблече во долна облека пред нејзиниот универзитет во Иран во, како што велат некои студенти и групи за права, протест против строгиот исламски кодекс на облекување во земјата.

Видео кое кружи на социјалните мрежи и е споделено од организацијата за права Амнести интернешенел ја покажува жената како седи надвор од универзитетот во долна облека и со непокриена коса.

Таа гестикулира кон нејзините колеги студенти, од кои многумина се женски и носат шамии, пред да се прошета.

Друго видео покажува како таа оди по пат, сè уште соблечена, пред група мажи да ја опкружат, да ја втурнат во автомобил и да заминат.

Амнести во саботата соопшти дека жената била „насилно уапсена“ откако протестирала поради „насилното спроведување“ на правилата за облекување на Исламскиот Азад универзитет во Техеран.

 

Жената претходно била вознемирувана од членови на Басиџ, иранска доброволна паравоена група, во просториите на универзитетот, според иранскиот студентски канал на социјалните мрежи, билтенот „Амир Кабир“. Таа тврдеше дека припадниците на силите ѝ ја скинале шамијата и ѝ ја искинале облеката.

Повикувајќи се на очевидци, државната новинска агенција Фарс објави дека студентката се соблекла откако двајца припадници на обезбедувањето „смирено разговарале“ со неа и ја предупредиле дека го прекрши кодексот за облекување.

Директорот за односи со јавноста на Универзитетот рече дека жената страда од проблеми со менталното здравје.

Носењето хиџаб (или шамија) на јавно место е задолжително за жените според строгото толкување на исламскиот закон од Иран што го спроведува таканаречената полиција за морал во земјата.

Иранките можат да бидат подложени на строга казна, дури и за мали прекршоци.

Протести избувнаа низ Иран во 2022 година против кодексот на облекување по смртта на Махса Амини, 22-годишна жена која почина во притвор на полицијата за морал, откако беше уапсена за наводно неправилно носење на шамијата.

Во последователните насилни мерки од страна на иранскиот режим загинаа стотици луѓе. Оттогаш, многу Иранки протестираа со симнување на шамиите на јавно место.

Директорот за односи со јавноста на Универзитетот Азад, Амир Махџоб, во објава на Икс рече дека безбедносниот тим на универзитетот интервенирал „по непристојниот чин на една од студентките“ и ја однел во полициска станица.

Во подоцнежна објава, цитирајќи полициски извештај, тој рече дека студенката „била под силен ментален притисок и имала ментално растројство“.

Тој, исто така, рече дека студентката е мајка на две деца, разделена од нејзиниот сопруг и дека се надева дека угледот на нејзиното семејство нема да страда од „гласини“ на интернет.