Столтенберг на концерт кај ќерката


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е од ретките политичари кој споделува лични моменти на социјалните мрежи. Вчера сподели фотографија од настапот на неговата ќерка, Ана Катарина Столтенберг,како членка на музичка група Smerz, во концертниот центар „Ботаник“ во Брисел.  

Smerz изведува експериментална музика  и има само два члена. За да и се посвети на музиката Катарина Столтенберг го напуштила факултетот иако никој не мислел дека тоа е добра идеја. На фотографијата жерката на Столтенберг е со црна коса.