„Бугарија останува цврст поддржувач на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан“, изјави првиот бугарски дипломат Светлан Стоев на работната средба на министрите за надворешни работи од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) денеска во Брисел.

Пред средбата, министерот Стоев разговарал со неговиот колега Бујар Османи. Притоа Стоев ја потврдил принципиелната поддршка за европската интеграција на РС Македонија од бугарска страна, но ја нагласил потребата од постигнување на видливи резултати од страна на Скопје за да се осигура посветеноста на македонската страна во однос на основните европски вредности како што се добрососедските односи и човековите права, вклучително и обезбедувањето уставни гаранции за правата на Бугарите во Република Северна Македонија.