Стефан Левен повторно избран за шведски премиер


Шведскиот премиер, Стефан Левен, денеска повторно е избран за премиер, добивајќи доволно голема поддршка на гласањето во парламентот, девет дена откако се повлече од функцијата откако му беше изгласана недоверба, јави ДПА.

Лофен поднесе оставка минатата недела, откако парламентот му изгласа недоверба и откако една недела претходно поддршката му ја повлече партијата Левица по спорот околу кириите во нови згради.

Лидерот на партијата Умерени, Улф Кристерсон, прв се обиде да формира нова влада, но не успеа, оставајќи му на Леве повторно да ја преземе власта.

Ова беше првпат еден шведски премиер да биде сменат со вакво гласање.

Социјалдемократот Левен (63) премиер на Шведска е од 2014 година.