Покрај Заев и Ахмети, на средбата присутни биле и новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, вицепремиерот Љупчо Николовски, поранешниот организациски секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, како и првиот вицепремиер Артан Груби. По средбата имаше соопштение од Владата во кое стоеше дека Заев и Ахмери се договориле следните избори да бидат редовни и во 2024 година.

-На средбата беше потврдено дека е исполнета  целта да се обезбедат стабилна влада и стабилно парламентарно мнозинство кои дејствуваат исклучиво во интерес на граѓаните и во интерес на државните интереси. Заев, Ахмети и Ковачевски се согласни дека новата Влада ќе биде целосно фокусирана на забрзано движење на државата по евро-атлантскиот пат и дека целта е првиот голем успех на Владата да биде наоѓањето решенија за предизвиците во односите со Бугарија и почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Следните парламентарни избори очекувано е да бидат редовни и да се одржат во 2024 година, а до тогаш Владата ќе испорача економски резултати, брзи и квалитетни услуги кон граѓаните и успешно справување со пандемиската и со енергетската криза, стои во соопштението.