Србија преку Канада до финалето на Мундобаскетот


Кошаркарската репрезентација на Србија избори пласман во финалето на МундоБаскетот. Србија во првото полуфинале ја победи Канада со 95:86 (23:15, 29:24, 23:24, 20:23).

Српските репрезентативци ѝ понудија на публиката уште едно блескаво шоу на тимска кошарка и заслужено го совладаа канадскиот тим составен од бројни НБА ѕвезди. Секој српски играч даде значаен придонес во победата. Предводник во блескавиот триумф беше Богдан Богдановиќ.

Канада беше конкурентна само во првата половина од првиот период. Од тој момент започна налетот на Србија, со серија 11:0 се одлепија на 21:13. Во продолжение на мечот Канада во ниту еден момент не се приближи на помалку од 5 поени разлика.