Србија ќе почне да ја гради брзата пруга кон Северна Македонија идната пролет

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изрази верување дека изградбата на пругата Белград – Ниш – Табановце, со поддршка на ЕУ, може да започне на пролет следната година, јави Танјуг.
Вучиќ повтори дека, благодарение на поддршката на ЕУ, Србија ќе заштеди од 700 до 800 милиони евра, што е одлична работа.
За потсетување, на крајот на април беше соопштено дека Европската унија е подготвена да ја поддржи изградбата на пругата меѓу Белград и Северна Македонија.
При неговата посета на Брисел, Вучиќ изјави дека е договорено со претставниците на ЕУ да се изгради брза пруга од Белград до Ниш, но и од Ниш, Лесковац, Врање до Табановац, до границата со Северна Македонија.
Тој прецизираше дека тоа ќе ја чини Србија максимум 1,2 милијарди евра, бидејќи околу 35 до 50 проценти ќе бидат подарени пари од ЕУ.