Совршен ручек: Ѓувеч на малку поинаков начин
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/gjuvec.png)
Ѓувеч на малку поинаков начин што ќе го сака целото семејство
Состојки:
4 модри патлиџани,
500 гр компири,
500 гр печурки,
3 јајца,
200 гр павлака,
1 главица кромид,
1 дл масло,
20 гр презла,
1 дл сок од домати,
30 гр пармезан,
сок од 1/2 лимон,
сол
бибер.
Подготовка:
Модрите модри патлиџани измијте ги и исечкајте ги на коцки, па бланширајте ги во вода и сок од лимон и добро процедете ги. Компирот излупете го, исечете го на коцки, обарете го процедете.
На масло се пропржува ситно сечканиот кромид, се додаваат јајцата, сечкани печурки, бибер, сол и павлака. Сè добро измешајте.
Намачкајте со масло огноотпорен сад и посипете со презла. Наредете модри патлиџани, компири, смеса од печурки. Повторете го процесот.
Прелијте со посолен и зашеќеран сок од домати и посипете со пармезан. Печете во рерна 45 минути и послужете топло.