Советник на ВМРО-ДПМНЕ пукал со огнено оружје на веселба


Советник на ВМРО-ДПМНЕ во скопската населба Кисела Вода пукал со огнено оружје на веселба, објавија од СДСМ. Според нив, тоа не само што е спротивно на законите туку советникот ја загрозува безбедноста на граѓаните и ги вознемирува жителите на Кисела Вода.
 
-Токму тоа се прави во куќата на советникот кому граѓаните му ја дале довербата да се грижи и да ги заштитува нивните интереси. Тоа е вистинското лице на следбениците на Груевски, реагираат од СДСМ.