Состанок за регулативата за проектирање со еврокодови


Фото: Б. Грданоски

Во Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе се одржи состанок за презентација на регулативата  на Европската унија која ги обврзува проектантските и градежните компании да започнат со проектирање со еврокодови од 1 септември годинава.

На состанокот ќе учествуваат претставници на Здружението на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Градежниот факултет при УКИМ. 

-Целта е да се презентира важноста и итноста на обуките кои се организираат во оваа насока, бидејќи на ваков начин градежните компании наскоро би се соочиле со конкуренција од странски компании на домашниот пазар, а воедно би можеле да го изгубат и пазарот надвор од земјата, инфорира Стопанската комора. 

Предвидени изјави за медиуми од Кристинка Чулак, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, проф. д-р Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ и Андреа Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво, индустрија на градежни материјали и неметалите.