Сос од домати во италијански стил (Видео)
Направете сос од домати по стариот рецепт на италијанските домаќинки.
Сосот од домати се користи во многу јадења, а без него не можеме да замислиме ќофтиња или болоњезе. Не е лош ниту оној купен од продавница, но со ништо не се споредува вкусот на домашниот сос од домати. Италијанско семејство на YouTube го сподели својот семеен рецепт за најдобриот сос од домати. Нивната тајна е во тоа што во секоја тегла додаваат по еден свеж лист босилек, што и дава посебна арома. Задолжително пробајте го овој рецепт, бидејќи сигурно ќе се воодушевите.
Состојки:
13 кг домати
лисја од босилек
4 супени лажици сол
1 лажица шеќер
Подготовка:
Ставете по еден лист босилек во стерилизирани тегли. Измијте ги доматите и ставете ги во тенџере и покријте ги со вода. Покријте и варете околу 5-10 минути. Потоа процедете го доматот и почекајте да се излади. Потоа отстранете ја лушпата и добро измешајте. На крај процедете ги доматите, па посолете и додајте шеќер и измешајте. Наполнете ги теглите со добиениот сос и цврсто затворете ги. Варете ги во врела вода уште 15 минути. Потоа оставете ги теглите да се изладат и оставете ги на темно место.