Сопругот на наставничката убиена во масакрот во Тексас почина од срцев удар


Сопругот на Ирма Гарсија, една од двете учителки убиени во масакрот во училиште во Тексас, почина од срцев удар.
Информацијата на Твитер ја објавил нејзиниот внук, а веста ја пренесоа американските медиуми.
„Со длабока тага морам да соопштам дека од тага почина сопругот на тетка ми Ирма, Џо Гарсија. Немам зборови да опишам како се чувствуваме, ве молиме да се молите за нашето семејство”, напиша Џон Мартинез. Гарсија отишол да ѝ остави цвеќе на својата трагично почината сопруга. Кога стигнал дома, само паднал.

„Мојата тетка Ирма и Џо Гарсија се заедно од средно училиште и зад себе оставаат четири прекрасни деца. Тие имаат 23, 19, 15 години, а најмладата има само 13 години“, напиша тој на Твитер. Оваа информација ја потврди и новинарот на Фокс од Сан Антонио, Ерни Зунига.

Гарсија работел во училиштето 23 години. „Таа се жртвуваше за да ги заштити децата во својата училница“, напиша нејзиниот внук на Твитер и додаде: „Таа умре како херој, многумина ја сакаа и на сите навистина ќе ни недостига“, пренесе Индекс.хр.

Да потсетиме, во основното училиште Роб во Тексас, имаше пукање во кое загинаа 19 деца и двајца возрасни.