Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 37 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во среда и четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Потоа следи стабилизирање на времето.