Со ова темпо Холандија и Бугарија до крајот на летото ќе вакцинираат само 4 и 5 отсто од возрасното население
Светот копнее по денот кога вакцините против корона вирус конечно ќе им дозволат на луѓето да се вратат во нормала. Но патот до таму е долг. Без оглед што некои земји се понапред во вакцинирањето (како Велика Британија и Израел), или десетици други земји каде нее дадена ниту една вакцина (како Македонија).
Европската комисија сака 70 проценти од возрасните во ЕУ да добијат дозите до крајот на летото. Но, кога ја објави таа цел на 19 јануари, блокот како целина инјектираше само една петтина од потребните дневни дози за да стигне таму. Оттогаш, некои земји го забрзаа темпото. Но, војната на зборови со производителот на вакцини „АстраЗенека“ исто така ескалираше откако компанијата предупреди дека не може да го исполни ветениот распоред за испорака за првиот квартал. И другите производители соопштија дека не ќе можат да го зголемат производството и испораките поради огромните побарувачки. Тесните грла во фабриките го направија своето.

Според сегашната динамика на вакцинирањето само Велика Британија до крајот на летото ќе биде до поставената цел – таа тогаш ќе има вакцинирано 94 отсто од возрасното население, а Бугарија и Холандија се на самото дно. Бугарија со 5, а Холандија со 4 отсто. На скалата на земјите од ЕУ над нив се Латвија и Хрватска.