Снежната бура на американскиот источен брег ја сопре дистрибуцијата на вакцините 


Снежна зимска бура за која се очекува да го затрупа американскиот исток пона да предизвикува и приземјување на летови и затворање центри за вакцинација против Ковид-19.

До понеделник утрото снежни врнежи почнаа во државите Њу Џерси и Пенсилванија, каде во следните денови се очекува да падне 60 см снег.

Ударите на ветрот се со 80 км/ч и се предвидува да дуваат неколку дена засилувајќи ја снежната бура.

Њујорк Сити и Њу Џерси прогласија вонредна состојба, јави Би-би-си.

Бурата, која ќе предизвика врнежи два дена, веќе направи пустош на локалните патишта. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, издаде наредба со која се ограничуваат неесенцијалните патувања од понеделник од 6 часот наутро по локално време.

Во Њу Џерси, гувернерот Филип Мафи во понеделникот ги сопре автобуските и железничките станици во државата, Неговата итна наредба им овозможи на властите да ги затворат патиштата и да ги евакуираат домовите.

Главните аеродроми на патот на бурата, меѓу кои и меѓународниот аеродром „Њуарк либерти“, аеродромот „ЏОн Ф. Кенеди“ и меѓународниот аеродром во Филаделфија, откажаа стотина летови.

На њујоршкиот аеродром „Ла Гвардија“ сите летови се сопрени од понеделникот наутро.

Бурата ќе ја сопре и дистрибуцијата на вакцини во Конектикат, Њу Џерси, Род Ајланд, Филаделфија, делови од Вашингтон и подрачјето на Њујорк.