Смрт како од хорор филм! Се разбудил и сфатил дека нешто го гризе
Човек кој среде ноќ сфатил дека го каснал лилјак починал еден месец подоцна во болница.
Постар маж починал еден месец откако во собата нашол лилјак, кој го гризнал за вратот. Си -Ен -Ен известува дека неименуван маж спиел во својата куќа во округот Лејк, Илиноис, кога се разбудил во средината на ноќта. Тој почувствува болка во вратот и сфати дека го каснал лилјак што се вовлeкол во собата во текот на ноќта. Тој успеал да се справи со морничавиот ноќен посетител и да побара помош. Животното било тестирано и било утврдено дека е заразено со беснило, но мажот во осумдесеттите години одбил да прима лекови кои ќе спречат инфекција и страшни последици.
Симптомите наскоро почнале да се појавуваат, прво болки во вратот и главата, потоа отрпнување на прстите, тешкотии при контролирање на движењето или говорот, предупредија здравствените власти во Илиноис. Човекот починал речиси еден месец по каснувањето, од болест која го зафатила централниот нервен систем и се смета за една од најсмртоносните заразни болести.
Повеќето случаи на беснило во Америка се предизвикани од лилјаци, и иако повеќето луѓе, логично, ќе сфатат дека биле нападнати од животни, оние кои им се случило тоа додека спијат можеби не знаат што им се случило бидејќи каснувањето од лилјак остава многу слаба трага.