Сменети двајца директори во „Ексон“ – силна порака до нафтените компании


Активистичкиот инвестициски хеџ фонд Енџин 1 (Engine 1), кој ја критикуваше климатската стратегија на американскиот нафтен гигант, „Ексон“ (Exxon), доби поддршка од акционерите за отстранување на најмалку двајца извршни директори, што се смета за сериозен пораз за оваа некогаш моќна компанија.
За прв пат во модерната американска историја, една од најголемите нафтени компании се соочи со неодбранливиот активистички предизвик на инвестициски фонд, пренесува CNN.

Загрижени за лошите финансиски резултати на „Ексон“ и незаинтересираноста за глобалните климатски проблеми, хеџ фондот побара смена на дури четири директори на годишното собрание на акционери.

Хеџ фондот Engine 1 исто така ја критикуваше неподготвеноста на „Ексон“ да ги дистрибуира и пренасочи своите активности кон обновливи извори на енергија.

Сепак, по гласањето на генералното собрание, хеџ фондот успеа да освои две места во бордот, а за преостанатите две места ситуацијата е сè уште неизвесна.

Афирмацијата на политиката на пренасочување од експлоатацијата на фосилни горива во една од најголемите американски нафтени компании претставува пресвртница во борбата против климатските промени.

Отстранувањето на двајца директори во бордот на директори на „Ексон“ претставува силна и гласна порака до другите нафтени компании во време кога Меѓународната агенција за енергетика предупреди дека експлоатацијата на нафта и гас треба веднаш да се запре за да се избегне климатска катастрофа.