Славица Кутиров е нова директорка на Царина на местото на Сугарески

-Ми беше чест и задоволство да бидам директор на една ваква институција како што е Царинската управа, неодамна напиша на неговиот последен ден во институцијата Сугарески.
-Почитувани колеги, искрено Ви посакувам успешна работа во периодот кој следи. Знам дека сите заедно како тим ќе успеете во унапредувањето на институцијата и Царинската управа ќе остане да важи за водечка царина во регионот, целосно усогласена со стандардите на Европската Унија. Ви благодарам на сите за коректната меѓусебна соработка која ја имавме изминатиов период, порача Сугарески.