Скандал мајстори: Хороскопски знаци кои реагираат на првa
Овие хороскопски знаци не тактизираат, не знаат да бројат до пет, каде и да се појават прават скандал! Тие секогаш реагираат на првата топка и сцените се составен дел од нивниот живот.
Првото место го делат Лав и Овен. Заедничко им е тоа што мораат да бидат во центарот на вниманието по секоја цена, макар и да е скандал! Разликата е во тоа што тоа го прават на поинаков начин.
Лав
На Лавот тоа му е вродено – гледај ме мене бидејќи јас сум крал/кралицата. Има држење, став, изглед. Ако не е во центарот на вниманието, ќе направи се за да го промени тоа. Па дури и да пушти лавовско рикање.
Овен
За да биде во центарот на вниманието, Овенот ја користи својата ненормална енергија, како и доминантниот настап во секое време и секаде. Ако не, предизвикува скандал веднаш! Тоа може да биде дури и физичка пресметка дури и кога станува збор за дамите Овен.
Близнаци
Близнаците предизвикуваат скандали преку комуникација. Во тоа се светски шампиони. Да се караат, да заведуваат, секогаш се да биде по нивно, да предизвикуваат скандал во главата на соговорникот со игра на зборови, тоа е нивната вродена природа. Вербалната насилна комуникација е нивното главно оружје.
Скорпија
Скорпијата е мајстор за скандали кога е во прашање одмаздата. Тие се совршени емотивни ловци. Тие целат кон центарот и никогаш не промашуваат. Тие многу лесно ќе ја намирисаат вашата слаба точка и таму ќе ја заријат својата отровна опашка. Својата тактика ја применуваат насекаде во љубовта и пријателството, но и во деловниот свет.