Сирискиот претседател Башар ал-Асад и сопругата Асма позитивни на коронавирус
Сирија– Сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговата сопруга Асма се позитивни на коронавирусот, но се во добра здравствена состојба, се наведува во соопштението од сириското претседателство, пренесува ДПА.
Тие направиле PЦР-тест откако почуствувале „лесни симптоми“.
„Тие се во добра здравствена состојба и стабилна кондиција и ќе продолжат со својата работа за време на нивниот домашен карантин, што ќе трае две или три недели“, се додава во соопштението, додава германската агенција.