Синот на Трамп не смее да им го дава бројот на мобилниот телефон на колегите од факултет


Барон Трамп, синот на Доналд Трамп, од безбедносни причини не смее да им го дава бројот на мобилниот телефон на колегите од факултет, па со нив комуницира на друг начин.

Тој студира на школата за бизнис на NYU Stern од минатата година. Агентите на тајната служба се постојано со него. Тој претходно побарал од колегите да се допишуваат преку Discord, а сега се во контакт преку конзолата за игри Xbox.

„Тоа е неговата избрана платформа за комуникација“, изјави извор за Page Six.

TMZ претходно објави дека Барон „едвај постои“ на кампусот. Тоа што е опкружен со агенти на Тајната служба му отежнува многу да се дружи.

Претседателот на Соединетите Американски Држави неодамна ја пофали употребата на технологијата на неговиот син и насмеа многумина.

Му го исклучувам лаптопот и по пет минути се враќам и гледам дека повторно го вклучил.

„Го прашав: „Како го направи тоа“, а тој одговори: „Не мешај се тато!“, рече Трамп.