(Видео) Силен земјотрес во Мексико, луѓето во паника излегоа на улиците
На ист ден разорни потреси го погодија Мексико во 1985 и 2017 година. Претседателот на Максико, Андре Мануел Обрадор, објави на Твитер дека за сега е потврдена смртта на најмалку еден човек. Издадено е предупредување за цунами
Силен земјотрес вечерва го погоди Мексико. Тлото се затресе помалку од еден час откако алармот за земјотрес беше огласен како потсетник на силни потреси истиот ден во 1985 и 2017 година.
Според мексиканските сеизмолози, магнитудата е 7,4 степени, а епицентарот на земјотресот бил на брегот на Пацификот.
🚨#UPDATE: New Video shows what appears to be a gym has major damage after a powerful magnitude 7.6 earthquake struck terremoto just western of Michoacán, Mexico. With multiple reports of people feeling strong after shocks pic.twitter.com/wTeIfAEJzF
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) September 19, 2022
Претседателот на Максико, Андре Мануел Обрадор, објави на Твитер дека за сега е потврдена смртта на најмалку еден човек. Маж загина кога на него се урнал ѕид во еден трговски центар во местото Манзанило во мексиканската држава Колина.
Земјотресот го погоди брегот на Ла Пласита де Морелос во западно Мексико, објави Американскиот геолошки институт. Тие наведуваат дека земјотресот се случил на 46 километри југоисточно од градот Ла Пласита де Морелос во државата Мичоакан, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

Според американските сеизмолози, магнитудата е 7,5 степени.
Издадено е предупредување за цунами.
Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шајнбаум рече дека нема прецизни податоци за штетата во главниот град по потресот, кој протатне низ Мексико во истиот ден кога таква елементарна непогода ја погоди земјата во 1985 и во 2017 година.
„Деветнаесетти е ден од кој треба да се плашиме“, рече Ернесто Ланцета, сопственик на фирма во градскиот кварт Куатемок.
Илјадници луѓе загинаа во потресот во Мексико во 1985, а повеќе од 35о лица го загубија животот во 2017 година.
#BREAKING: New video shows the impacts of the #earthquake in Mexico just moments ago. #Mexico pic.twitter.com/ukM1hDTUZL
— WeatherNation (@WeatherNation) September 19, 2022
#BREAKING: New video shows the impacts of the #earthquake in Mexico just moments ago. #Mexico pic.twitter.com/ukM1hDTUZL
— WeatherNation (@WeatherNation) September 19, 2022