Швеѓанец добил сообраќајна казна од 920 евра од Италија, а никогаш не бил таму
Во сообраќајот, речиси сè е можно, вклучително и да бидете казнети за прекршок што не сте го направиле – во земја во која никогаш не сте биле.
Токму тоа му се случи на Швеѓанецот Олоф Францен, кој пред две години доби казна од 920 евра за сообраќаен прекршок наводно направен во италијанско крајбрежно одморалиште. Проблемот? Францен никогаш не бил во Италија, а ниту неговиот автомобил не бил таму.
Барањето што му го испратила шведската агенција за наплата на долгови изгледало автентично. Документите содржеле фотографии од камери за брзина, а регистарската табличка била точна. Сепак, на фотографиите не се гледал неговиот сив Форд, туку црвено Сузуки.
„Мислев дека е малку чудно бидејќи никогаш не сум бил во Италија. Многу сум бил во Шпанија, но Италија? Никогаш“, изјавил Олоф Францен за Хели Готланд.
Недоразбирањето се чинеше дека е решено, но Францен сега добил ново барање за истата казна. Единственото нешто што се промени е агенцијата која се обидува да го наплати долгот.
Швеѓанецот верува дека истиот случај е повторно отворен, иако во меѓувреме не патувал во Италија и нема причина да го поврзе со сообраќаен прекршок во таа земја.
Следеа уште неколку писма со кои се бараше исплата, но во поновите писма повеќе не се наведува износот. Ситуацијата е, благо речено, многу непријатна за Франзен.