Шведска: Три лица убиени во фризерски салон, убиецот избегал на тротинет


Најмалку три лица се убиени во пукотница во фризерски салон во шведскиот град Упсала.
Полицијата соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани кои пријавиле дека слушнале истрели на плоштадот во центарот на градот.

Потврдено е дека убиецот избегал со електричен скутер и дека полицијата трага по него.

Пукањето се случило во пресрет на Валпургиската ноќ, традиционален пролетен фестивал кој привлекува голем број луѓе на улиците секоја година.

Голем дел од областа е блокиран, а полицијата врши истрага. Засега не се објавени детали за идентитетот на убиените или за евентуалниот идентитет на убиецот.