Шведска: Најмалку новозаразени со корона вирус во последните три месеци


 Шведска, која не воведе „затворање“ за време на пандемијата на корона вирусот, регистрираше нови 2.400 случаи на зараза, покажуваат денешните податоци на здравствените власти на таа земја.

Бројот на новоинфицирани во Шведска значително се намали во последните неколку недели, и ова е најмал број на новозаразени во последните три месеци.

Шведска, која има околу 10 милиони жители, евидентираше 71 нов смртен случај, а вкупниот број на починати е 11.591.