Шумски пожари зафатија рекордни површини во Русија, огнот изгоре куќи, евакуирани илјадници
Во руската Чељабинска област горат шумски пожари, а огнот во моментот има зафатено површина од 14.000 хектари. Едно лице го изгуби животот.
Како што соопшти заменик-министерот за вонредни состојби на Русија, Иља Денисов, пожарникарите и припадници на други служби успеале да спасат повеќе од 1.800 куќи од огнената стихија во оваа област.
Ден порано огнот зафати неколку села, а се запалија десетици куќи и викендички.
Спасуваќите соопштија дека огнот уништил 71 градба, меѓу кои 46 станбени објекти.
Во шумските пожари повредени се 18 лица, а пронајдено е тело на еден маж кој изгорел во куќата.
„Покрај многу тешката ситуација, благодарение на координираните акции на пожарникарите, шумските служби на доброволци во седум населени места од пожарот спасени се повеќе од 1.800 куќи. Изгореа 72 градби. Успеавме да ги намалиме на минимум последиците од пожарот“, рече Денисов.
Според началникто на Главната управа на Министерството за вонредни состојби Јуриј Буренко, во неколку населени места огнот поприми облик на огнена бура кога од неколку жаришта се соединуваше во еден, а температурата достигнуваше 700 степени Целзиусови.
Како што додава, пожарот се шири со брзина од 150 метри у секунда.
Исто така соопшетно е дека претседателот Владимир Путин за ситуацијата со шумските пожари. Путин наложил на децата кои се евакуирани да има се овозможи бесплатен летен одмор на море.
Во борбата со пожарите вклучени се 630 луѓе, авиони и хеликоптери.
Пожары в Челябинской области. Горят населённые пункты. pic.twitter.com/KHHzSipmJV
— Олег Некрасов ☭ (@HakGlce) July 10, 2021
На юге Челябинской области третий день бушуют пожары, сгорели более 60 домов, десятки тысяч гектаров леса, гибнут животные, а Россия отправляет самолет-амфибию тушить пожары в Турции 😡 Ну да, зачем помогать своим… pic.twitter.com/aloM2o1bIb
— Anna Adianova (@Adiashik) July 10, 2021