Шукова уверува дека пречистителната станица успешно ќе се реализира


Министерката за животна средина Каја Шукова (Фото: Б. Богдановска)

По информациите дека Градот Скопје и „Водовод и канализација“ не учествуваат на редовните состаноци со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), од каде се обезбедени парите за изградба на пречистителната станица во Скопје, министерката за животна средина Каја Шукова уверува дека тие ќе учествуваат на следните состанци и дека проектот ќе продолжи.

– Информациите кои ги добивме од Град Скопје и „Водовод и канализација“ дека работите продолжуваат, како што треба, согласно планираните активности. И Градот и „Водовод“ изразија спремност за учество во редовните состаноци за изградба на пречистителната станица. Нашите партнери сериозно го сфаќаат овој проект и дека успешно ќе продолжи реализацијата на прочитителната станица во Скопје – рече Шукова денеска, по настанot за започнување на проектот: „Поддршка во спроведувањето на законодавството за управување со отпад и шемата за проширена одговорност на производителот“ финансиран од ЕУ.

Проектот се состои од две фази. Пречистителната станица ќе се состои од единица за предтретман и единица за биолошки третман кои ќе се изградат во првата фаза до 2030 година. Надградбата на биолошкиот третман со цел да се вклучи и отстранување на азотот и фосфорот ќе се изгради во рамки на втората фаза на проектот (до 2045 година). Единицата за дезинфекција и одделно третирање на атмосферските води се смета на опционални објекти кои може да се изградат во рамки на втората фаза на проектот. Ефлуентот од третманот на отпадните води ќе се испушта во реката Вардар. Предвидениот капацитет на ПСОВ е 625.000 жители во 2030 година и 650.000 жители во 2045 година.