Што вели Русија за убиствата на цивилите околу Киев?
Се зголемуваат доказите за очигледните руски злосторства во Украина.
Киев ги обвини руските војници за „намерен масакр“ откако на улиците во Буча беа пронајдени телата на најмалку 20 лица облечени во цивилна облека.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги опиша наводните злосторства во Буча како „чин“ што бил „инсцениран“ неколку дена по повлекувањето на руските сили, според новинската агенција Тасс.
„Ние категорично ги отфрламе сите наводи“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за новинарите.
Тој рече дека руските „експерти во Министерството за одбрана“ „идентификувале знаци на видео фалсификат и разни фалсификати“, без да дадат никакви докази.
Мајкл Кларк, аналитичар за одбрана и безбедност во тинк-тенкот „Руси“, во Лондон, вели дека ваквите одговори се дел од руската игра.
Тој претходно изјави за Скај њуз:
„Прво, тие негираат сѐ. И потоа се обидуваат да заматат, создаваат работи на социјалните мрежи, што укажува на ‘Ох, сè е многу комплицирано и ова се случуваше во тоа време, и тоа се случуваше, и не се можни едноставни одговори’. А потоа неколку години подоцна, тие често го признаваат тоа и велат ‘да, да, ние го направивме ова или го направивме она, но вие [Западот] го правите истото’“.
Како прво, тие негираат се. И потоа се обидуваат да заматат, создаваат работи на социјалните мрежи, што укажува на „Ох, сè е многу комплицирано и ова се случуваше во тоа време, и тоа се случуваше, и не се можни едноставни одговори“. А потоа неколку години подоцна, тие често го признаваат тоа и велат „да, да, ние го направивме ова или го направивме она, но вие [Западот] го правите истото“.