Што се мајмунските сипаници што се појавија и во Европа?


„Мајмунските сипаници“ се ретка вирусна болест која на луѓето се пренесува од животни која се јавува првенствено во делови на Централна и Западна Африка, во близина на тропските дождовни шуми.

Болеста е слична со големата сипаница, има поблага клиничка форма, но сепак може да заврши со смртен исход, односно во 3 до 6 отсто од случаите. Периодот на инкубација е вообичаено од шест до 16 дена, но може да варира од пет до 21 ден, зависно од патот на трансмисија и начинот на експозиција. Се пренесува преку телесните течности, рани на кожата од заразено лице или контаминирани предмети. Преносот може да се случи и преку плацентата од мајка на дете.

Заразувањето од човек на човек се случува поретко, но во последно време, поради намалената вакцинација против сипаници, преносот од човек на човек од шест се зголеми на девет последователни случаи.

Симтоми

Почетните сиптоми вклучуваат треска и зголемување на лимфните јазли, проследени со ситно-зрнест исип кој минува низ неколку фази. Болеста е најчесто само-ограничувачка, а заболените се опоравуваат за неколку недели (најчесто 14-21 ден). Во некои случаи може да се појави во тешка форма, особено кај лица кои имаат едно или повеќе хронични заболувања или нарушување на имунитетот од различни причини.

Лекување

Лекувањето се одвива преку ублажување на клиничката слика односно симптомите, да се справиме со компликациите и да се спречат долгорочни последици. Пациентите треба да пијат повеќе течности и да јадат храна богата со витамини.

Европската медицинска асоцијација (EMA) го лиценцираше антивирусниот лек познат како тековиримат, но тој сѐ уште не е широко достапен.

Предизвикувач

Мајмунските сипаници ги предизвикува ортопокс вирус кој припаѓа на фамилијата поксвиридае. Има два подвида: централноафрикански (од басенот Конго) и западноафрикански. Оној од Конго басенот се смета за повеќе пренослив и воедно предизвикува потечка клиничка слика, а двата вида досега се најдени само во Камерун.

Повеќе животински видови се подложни на овој вирус кој може да го имаат верверички, стаорци и примати.

Мајмунски сипаници кај човекот

Кај човекот, мајмунските сипаници се идентификувани во 1970 година во Конго, откако малите сипаници во овој регион биле искоренети во 1968 година. Во 2017 година во Нигерија се пријавени повеќе од 500 случаи. Од тогаш повремено се пријавуваат нови случаи.Во 2003 година мајмунските сипаници се појавија и во САД, а таму стигнале преку миленици – прериски кучиња, кои од Гана биле пренесени заедно со други животни. Тогаш беа регистрирани 70 случаи во СД. Во 2018 година патници од Нигерија го пренесоа вирусот во Израел, потоа и во Велика Британија во 2018, 2019, 2021 и 2022 година и во Сингапур во 2019 година.

Годинава во мај, повеќе случаи на мајмунски сипаници идентификувани се во повеќе земји каде не е очекувано да го има вирусот, какао САД, велика Британија, Канада и други.